Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Љутков: Наместо да работи во интерес на културните работници, раководството на СКРМ систематски шири дезинформации

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков оцени дека се „обид за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков оцени дека се „обид за манипулација на јавноста и инструментализирање на културниот сектор за политички цели“ обвинувањата од Синдикатот за култура на Македонија и, во реакција до медиумите, посочи дека раководството на СКРМ подолг период „свесно и тенденциозно пласира неточни информации во јавноста“ со намера  да создаде погрешна слика дека тој како министер за култура работи против интересите на културните работници.

-Јас, како министер за култура, во ниту еден момент не сум ги довел во прашање правата на културните работници. Напротив, континуирано и активно се залагам за реален, а не за декларативен социјален дијалог. Тоа е потврдено преку бројни иницијативи за состаноци и отворена комуникација, кои од страна на СКРМ често се игнорираат или одбиваат. Фактот што колективниот договор е истечен веќе четири години е сериозен институционален проблем. Овој застој не е резултат на недостиг на волја од моја страна, туку на однесувањето на раководството на СКРМ, кое наместо конструктивен дијалог, избра конфронтација и создавање на кризи. Дополнително, нивното јавно пласирање информации поврзани со судски процеси пред тие да бидат донесени претставува сериозен обид за притисок врз независноста на судството и создава неприфатлив преседан. Поднесените иницијативи пред Уставниот суд се дел од демократскиот и институционален процес. Уставниот суд е единствено надлежен да ја оценува уставноста на правните акти, а не синдикални раководства кои се обидуваат да преземат таква улога. Доколку дојде до поништување на Колективниот договор, тоа ќе биде директна и неизбежна последица на долготрајниот застој, систематското одбивање за дијалог и институционален притисок од страна на раководството на СКРМ. Јас лично се надевам дека до таков исход нема да дојде, но фактите јасно покажуваат дека Колективниот договор повеќепати е оспоруван пред Уставниот суд како директен резултат на нивниот пристап, кој наместо решение, произведува блокади и нови проблеми, пишува Љутков во реакцијата. 

Според него, синдикалните организации мора да се вратат на својата основна функција – заштита на правата на работниците и да се воздржат од политичко делување, притисоци врз институции и мешање во процеси кои не се во нивна надлежност.

Реклама

-Обидите моето институционално делување да се претстави како „предавство“ се неосновани, навредливи и политички мотивирани. Вистински проблем претставува токму користењето на културните работници како инструмент за лични и политички пресметки. Културните работници не смеат да бидат заложници на раководство кое наместо да работи во нивен интерес, систематски шири дезинформации, создава поделби и ја попречува можноста за конструктивни решенија. Прашањето за финансиските импликации не е негирање на права, туку прашање на одговорно и одржливо управување со јавните финансии. Секој колективен договор мора да биде реален, спроведлив и во согласност со буџетските можности. Зголемениот буџет за култура е конкретен доказ за мојата посветеност како министер кон подобрување на условите во културниот сектор, преку мерки и политики, а не преку празни декларации. Потребно е враќање на професионалниот дијалог и прекин на политичките манипулации. Културата заслужува стабилност, институционална зрелост и партнерство, а не притисоци и лажни наративи, наведува Љутков.

Синдикатот за култура на Македонија (СКРМ) во објава на Фејсбук наведе дека „Зоран Љутков можеби смета дека е ‘чист’ и дека со еден потпис или записник ги измил рацете од одговорноста за ‘смртта’ на Колективниот договор за култура … но, одговорноста не се брише така лесно“. 

СКРМ е создаден и делува на принципот на солидарност и волонтеризам и ги поддржува сите мерки кои ќе помогнат за надминување на здравствената и економската криза. Свесни сме дека новонастанат

-Исходот од судските пресуди и штетата што ѝ ја нанесе на културата со незаконски упатства и насоки не може да се сокрие, ниту да се избрише со евентуално укинување на Колективниот договор за култура. Тоа не е апсолутно никаква реформа туку обид за бегање од одговорност.  Неговите одлуки ќе останат запаметени како срамен преседан – како пример на функционер кој наместо да ги штити културните работници, свесно застана против нив, против своите, и против културата што требаше да ја брани. Колективниот договор не е само правен акт, тој е симбол на еднаквост, почитување на работнички права и достоинствен живот за културните рабитници, кои ова го чекаа повеќе од 30 години, оттурнати ан маргините на општеството.  Останува да видиме дали на 8 април Уставниот суд на Република Македонија ќе постапи согласно своите уставни надлежности и по трет пат ќе потврди дека Колективниот договор за култура е уставен и законски валиден или, под притисок на финансиски импликации, ќе ги врати вработените во културата во камено доба, пишува меѓу другото во објавата на СКРМ.