Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

ЈП „Куманово Гас“ планира реализација на проекти за приклучување на јавни институции и проширување на дистрибутивната гасоводна мрежа

Во текот на 2026 година ЈП „Куманово Гас“ планира реализација на неколку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на 2026 година ЈП „Куманово Гас“ планира реализација на неколку проекти за приклучување на јавни институции и проширување на дистрибутивната гасоводна мрежа во градот информираше директорот на претпријатието, Марко Митровски на последната прес-конференција. Според Митровски, годинава се предвидува приклучување на четири нови објекти на гасоводната мрежа. Станува збор за основните училишта „Вук Караџиќ“ и „Наим Фрашери“, градинката „Славејче“ кај поранешен „1 Мај“, како и Здравствениот дом Куманово.

-Преку проект во текот на 2026 година ќе имаме четири нови приклучоци кои ќе ги финансираат самите институции. Тоа се основните училишта „Вук Караџиќ“ и „Наим Фрашери“, градинката „Славејче“ кај поранешен „1 Мај“ и Здравствениот дом Куманово. Овие проекти ќе се реализираат во текот на оваа година-изјави Митровски.

Тој додаде дека паралелно се работи и на проектната документација, а дел од активностите веќе се започнати. Во рамки на планираните активности, се работи и на приклучување на спортската сала, каде што веќе започнала изведбата на работите во внатрешниот дел.

Реклама

– Почната е изведбата во внатрешниот дел на спортската сала и очекуваме во текот на 2026 година таа да стане наш потрошувач-посочи Митровски.

ЈП „Куманово Гас“ преку вториот владин повик има обезбедено средства и за проширување на дистрибутивната гасоводна мрежа во должина од околу 6,5 километри. Општина Куманово веќе распишала јавен повик за избор на изведувач, но тендерската постапка не била успешна.

– Имаме одобрени средства за околу 6,5 километри дистрибутивна гасоводна мрежа. Општина Куманово распиша повик, но тендерската постапка не успеа бидејќи тендерот падна. Сега се очекува да се распише втора постапка и да се избере изведувач-рече Митровски.

Со новата фаза на проширување е предвидено поставување на дистрибутивна мрежа на повеќе улици во градот, најмногу во населбата „Зелен Рид“, дел во населба „Карпош“. Од претпријатието очекуваат дека со реализацијата на овие активности ќе се подобрат условите за приклучување на нови корисници и постепено ќе се проширува употребата на природниот гас во градот.