Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Јовица Илиески-Кара го фати осветениот крст за Богојавление-Водици во Тетово

На годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот тетовски храм Свети Кирил и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот тетовски храм Свети Кирил и Методиј во Тетово, осветениот крст во црковниот базен го фати 51-годишниот Јовица Илиески-Кара.

Празнувањето започна со литургија која ја отслужи митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф заедно со свештениците на тетовското намесништво. Потоа во дворот од црквата го извршија и чинот на водосвет и положување на осветениот крст во црковниот базен.

-Прв пат скокам за крстот. Ете, Господ даде да го фатам јас. Им посакувам на сите многу здравје, среќа, бериќет. Многу сум возбуден, да сме живи и здрави сите, Господ здравје да дава во секој дом, секое семејство во цел свет, изјави Јовица Илиески-Кара.

Реклама

По осветениот крст скокаа и 51 годишниот Живко Антовски-Овца и 45 годишниот Петко Тасевски.