Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

ЈО поднесе кривична пријава против Виктор Стојанов за ширење расистички и ксенофобичен материјал

Виктор Стојанов е бугарски државјанин и претседател на фондацијата „Македонија“, против кого…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Виктор Стојанов е бугарски државјанин и претседател на фондацијата „Македонија“, против кого Јавното обвинителство поднесе кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, предвидено и казниво согласно член 394-г став 1 од Кривичниот законик на Македонија.

Стојанов е добро познат на македонската јавност поради низа јавни настапи и објави што предизвикаа реакции, во кои го оспорува постоењето на македонската нација и национален идентитет. Во изминатиот период тој беше поврзуван и со кампањи во кои се нудеше финансиски надомест од 300 евра за промена на презимиња со наставките „-ов“ и „-ев“, како и со активности за донирање бугарски знамиња и промоција на сателитска телевизија со бугарски канали.

Дополнително, во јавноста беа забележани и активности преку повеќе интернет-портали и подкасти, меѓу кои vestimak.mk, vestimk.mk, 24mk.mk и „Почетна пресметка“, преку кои се пласираа содржини оценети како провокативни и насочени кон создавање тензии.

Реклама

Во рамки на фондацијата „Македонија“ регистриран е и посебен веб-сајт, www.supportbginmk.eu, преку кој се објавуваат содржини и иницијативи поврзани со делувањето на организацијата.