Реклама

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Македонија

Јаревски: Самоизолацијата на СДСM од лидерската средба е типично бегање од одговорност во недостиг на легитимитет, кредибилитет и решенија

Типично бегање од одговорност кога немате решение, кога немате легитимитет или кредибилитет,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Типично бегање од одговорност кога немате решение, кога немате легитимитет или кредибилитет, нормално е дека ќе бараат начин како да избегнат соочување или размена на аргументите и фактите за што повторно ќе укажам, мислам дека тоа е погрешна стратегија, истакна пратеникот во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, во вчерашното гостување во емисијата „Став на регионот“ на телевизијата „Њузмакс Балканс“ посочувајќи на одлуката на опозицискиот СДСM за изолација по повод одржувањето на вчерашната лидерска средба иницирана од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се наведува во соопштението од партијата.

Јаревски укажа на отворениот простор за дискусија што го оставија премиерот Мицкоски и Владата за сите прашања и сите теми, без однапред утврден дневен ред за лидерската средба, воедно потсетувајќи и на принципиелните и конзистентни ставови на ВМРО-ДПМНЕ во однос на земањето предвид на сите можни мислења и предлог-решенија, кои би креирале подобра иднина за државата.

„Ете и денес се потврди уште еднаш, вие со сила на човек можете да земете, не можете да му дадете, просторот за дискусии стои, беа поканети сите лидери и претставници на политички партии, коишто имаат пратенички групи во рамките на Собранието, верувам дека секоја таква средба може да донесе само позитивен исход“, и додаде:

Реклама

„Не станува збор само за државнички одлуки станува збор за одговорен или неодговорен пристап кон раководењето и учеството во раководењето на државата. Не се само критичните моменти во кои треба да имаме општ консензус за работите. Секогаш треба да се има инклузивен пристап и инклузивен процес во однос на размислувањата – потенцира Јаревски.

Притоа Јаревски, осврнувајќи се на опозицискиот СДСM и нивната изолираност од политичкиот дијалог на актуелната лидерска средба, посочи дека тоа е доказ за нивниот неодговорен пристап и за деструктивноста изразена преку избегнување од соочување со дискусии, разговори и аргументи.

„За жал, оваа опозиција продолжува со неодговорниот однос, дејствуваат во некоја зона која веќе е многу тенка линијата со реалноста, тоа го докажаа и во расправите претходно на пленарните седници, избегнуваат расправи многу често и во рамките на комисиите, ретко ги гледаме и во дебатните емисии или се поретко се појавуваат и се надевам дека тоа не е некоја нивна политика или нивна стратегија бидејќи тоа не води кон ништо“, заврши Јаревски.