Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Ѓорѓиевски на средби со амбасадорите на Полска, Црна Гора и Чешка за клучните проекти на Град Скопје

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ги информираше амбасадорите на Полска, Црна Гора и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ги информираше амбасадорите на Полска, Црна Гора и Чешка за клучните проекти на Град Скопје, објави тој на неговата страница на Фејсбук.

На работните средби со полскиот амбасадор Мариуш Бримора, црногорскиот амбасадор Зоран Миљаниќ и чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, градоначалникот ги информирал за клучните приоритети и проекти на кои е посветен Градот Скопје, како унапредување на сообраќајната инфраструктура, зголемување на енергетската ефикасност и системско отворање и промоција на значајните културно-историски локалитети, со цел посилно позиционирање на градот на културната мапа на Европа.

– Со амбасадорот Бримора разговаравме за конкретни можности за продлабочување на соработката преку заедничка реализација на проекти и иницијативи, со особен фокус на заштитата на животната средина, поттикнување на локалниот економски развој и развој на одржлив туризам, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Реклама

Тој додаде дека е убеден оти партнерството со Полска може да донесе видливи и долгорочни придобивки за градот.

– На средбата со амбасадорот Миљаниќ акцентот го ставивме на унапредување на врските меѓу збратимените градови Скопје и Подгорица, преку интензивирање на културната, економската и образовната соработка. Верувам дека продлабочената размена меѓу нашите заедници ќе придонесе за дополнително зближување на двата народа и за заедничко, посигурно чекорење кон европската иднина, посочи градоначалникот.

Со амбасадорот Лудва се разменети искуства поврзани со организацијата на манифестацијата „Европска престолнина на културата“, имајќи предвид дека Скопје, заедно со чешкиот град Чешке Будјејовице, ја носи оваа престижна титула за 2028 година.

– Ова признание претставува силен поттик за културна трансформација на градот и за негова меѓународна промоција како динамичен центар на културата и уметноста, додаде Ѓорѓиевски.

Тој наведува дека денешните средби се значаен чекор кон воспоставување цврсти темели за идна, плодна и стратешка соработка со трите пријателски држави.

– Особено значајна е размената на добри практики во делот на урбаната безбедност, заштитата на животната средина, унапредувањето и одржувањето на зелените површини, како и развојот на современ и одржлив туризам во Скопје, подвлече Ѓорѓиевски.