Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Ѓорѓиевски – Тигањ: Можности за соработка во рамките на „Скопје – европска престолнина на културата 2028“

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ, беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу збратимените градови Скопје и Загреб – соопштија попладнево од Град Скопје.

– Во фокусот на разговорите беа размената на знаења, искуства и добри европски практики во повеќе области од заеднички интерес, со цел нивна примена во креирањето современи и одржливи решенија што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните на двете метрополи. Особено внимание беше посветено на можностите за соработка во рамките на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028“. Соговорниците разговараа за меѓународната промоција на проектот, културната размена, како и за поврзувањето на Скопје со европските градови, институции и културни мрежи – пишува во соопштението.

На средбата било истакнато дека проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028“ претставува значајна можност за афирмација на главниот град како современ европски културен центар, кој успешно ги спојува богатото историско наследство, културната разновидност и современата креативна енергија.

Реклама

– Двете страни ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството меѓу Скопје и Загреб преку реализација на конкретни заеднички проекти и иницијативи, кои ќе придонесат за зајакнување на пријателските односи меѓу Северна Македонија и Хрватска и ќе донесат придобивки за граѓаните на двете земји – се истакнува во соопштението.