Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Француско – гемрански план: Наместо се или ништо, ЕУ ги отвора фондовите по реформи

Членство во ЕУ без полноправно членство. Идејата на Франција и Германија, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членство во ЕУ без полноправно членство. Идејата на Франција и Германија, со која земјите кандидатки повеќе нема да мора да чекаат полноправно членство за да почувствуваат дел од европските придобивки, ќе се разгледува до крајот на годината. Пари, инвестиции и пристапот до единствениот пазар ќе се отвораат постепено, зависно од реформите. Македонските компании сметаат дека ова отвара поголеми можности, а нашата држава поради напредокот во реформската агенда ќе има најголема корист.

Тоа од економскиот аспект е одлично бидејќи ќе имаме пристап до финансии. И она што е добро е принцип случај до случај. Ние си имаме реформска агенда во државата која си ја спроведуваме  си имаме план за раст за Балкан во кој и ние сме вклучени како држава и во тој контекст едноставно е, мерливо е. Ако ги постигнеме одредените реформски чекори, ние ќе си ги добиеме тие средства“, изјави Драган Пехчевски, претседател на УО на Сојзуот на стопанските комори

Според Пехчевски, Сојузот на стопански комори веќе подолг временски период се подготвува за членството на Македонија во ЕУ, па активностите до сега преземени, ќе вродат со плод на почетокот на следната година.

Реклама

„Пред се прво нашите компании оние кои се спремни, кои се трансформират и дигитално и продуктивно  и ефикасно. Тие ќе бидат први усогласни и че ги земат бенифитите кои ќе ги отвори европскиот пазар за нашите компании и нашиот извоз. Втора работа, ќе има поналку бариери, побрзи транспорти на добра и во тој контекст е и оној делот на ИФТ кој Еу го има донесено како заклучок и сит ечкленки на ЕУ мора да го спроведат до јуни 2027 година“, додаде Пехчевски.

Идејата за ваков тип на поддршка на кандидатите за полноправно членство во ЕУ се разгледуваат поради геополитичкатата неопходност да се забрза процесот на проширување, поттикнат од конфликтот помеѓу Русија и Украина. Европската комисија го напушта досегашниот модел „сè или ништо“ и воведува рамка на „постепена интеграција“. Овој концепт, се очекува да биде разгледан на Европскиот совет кон крајот на 2026 година и усвоен од земјите членки на Унијата до нова година.