Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Филков: Најобемен реформски циклус во правосудството за помалку од две години

Министерството за правда го реализира најобемниот реформски циклус во последните години со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за правда го реализира најобемниот реформски циклус во последните години со подготвени 30-ина законски решенија и засилени активности во рамките на реформската агенда за владеење на правото. На брифинг со амбасадорите во Владата, министерот Игор Филков ги презентира постигнатите резултати, текот на законодавните процеси и следните чекори насочени кон исполнување на европските обврски на државата – соопштуваат од Министерството за правда.

Во обраќањето министерот Филков истакна дека Министерството за правда во изминатиот период реализирало најобемен законодавен реформски циклус, со силна динамика, професионален пристап и целосна посветеност на европската агенда.

– За помалку од две години подготвивме триесетина законски решенија, од кои тринаесет се директно поврзани со реформската агенда. Овој законодавен циклус претставува најобемен реформски процес реализиран од Министерството за правда во толку краток временски период и е јасен доказ за институционалниот капацитет, одговорноста и решителноста со кои се спроведуваат реформите – истакна министерот Филков.

Реклама

Тој нагласи дека реформите се реализираат во тесна координација со Владата, Европската комисија, експертската јавност и меѓународните партнери, со единствена цел – создавање функционален, ефикасен и европски правосуден систем.

Во рамките на четвртото барање за ослободување средства од реформската агенда, во областа „Владеење на правото“ се следат 17 реформски чекори, при што седум од нив се поврзани со донесување 13 законски решенија што се во надлежност на Министерството за правда.

Министерот информира дека сите законски решенија се подготвени, четири веќе се донесени од Собранието, а другите се наоѓаат во разни фази од законодавната постапка. Според тековната динамика, ќе биде пријавена реализација на осум реформски чекори, а за уште два продолжуваат активностите за обезбедување поширока политичка поддршка, пред сè за Законот за јавното обвинителство и Изборниот законик.

Пред амбасадорите беа презентирани и најзначајните реализирани резултати, меѓу кои донесувањето на новиот закон за Судскиот совет, целосно усогласен со препораките на Оценската мисија на Европската Унија и Венециската комисија, како и новите закони за судска служба и за јавнообвинителска служба, со кои се гарантираат правата на вработените, се унапредува системот на вработување и се воспоставува правично вреднување на трудот.

Министерот Филков посочи дека се пополнети сите работни места во Агенцијата за управување со одземен имот, избрани се двајца нови членови на Судскиот совет во согласност со новиот закон, а постапката за избор на третиот член е во завршна фаза. Дополнително, преку платформата на Европската комисија се евидентира континуирано зголемување на бројот на истраги, обвиненија, пресуди, конфискации и случаи на управување со одземен имот во предметите од областа на корупцијата, организираниот криминал и перењето пари.

Во завршна фаза се и новиот закон за Јавното обвинителство, законот за судски буџет, новиот закон за кривична постапка и новиот кривичен законик, со кои ќе се комплетира најобемниот реформски пакет во правосудството во последните години и ќе се воспостави современа правна рамка усогласена со европските стандарди.

– Реформите се инвестиција во иднината на државата. Со нив градиме посилни институции, поефикасно правосудство, повисока доверба кај граѓаните и побрза европска интеграција. Онаму каде што е потребен политички консензус, очекувам одговорност и државнички пристап од сите политички чинители затоа што европските реформи се обврска кон државата и кон идните генерации – порача министерот за правда Игор Филков.