Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

УНФПА: Длабок јаз меѓу стремежите на младите и демографската реалност во Источна Европа и Централна Азија

Длабок јаз помеѓу семејните и репродуктивните стремежи на младите луѓе и демографската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Длабок јаз помеѓу семејните и репродуктивните стремежи на младите луѓе и демографската реалност ширум Источна Европа и Централна Азија, покажува новата анкета на УНФПА, Фонд за население на Обединетите нации, објавена во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден на населението 11. јули, пишува во денешното соопштение, што МИА го пренесува интегрално.

Резултатите од анкетата, што се дел од глобалната анкета на УНФПА за демографската иднина (Demographic Futures Survey), ги доведуваат во прашање вообичаените наративи кај младите поврзани со намалување на интересот да се има деца. Податоците покажуваат дека младите во регионот остануваат посветени на семејството но се соочуваат со структурни пречки во остварувањето на своите репродуктивни цели.

Клучни сознанија:

Реклама

Оптимизам за иднината: Младите луѓе во Источна Европа и Централна Азија се значително поголеми оптимисти од нивните врсници во споредбената група земји од Западна Европа и Источна Азија при што околу 65 проценти од нив се чувствуваат позитивно за својата иднина во споредба со 50 проценти во споредбената група и покрај тоа што пријавуваат поголема загриженост во однос на конфликтите, економските кризи и невработеноста.

Семејството, бракот и родителството имаат голема вредност: Бракот и родителството се доминантни цели на партнерствата. 79 проценти од испитаниците би сакале да стапат во брак што е значително повисоко од пријавените 63 проценти во споредбената група. Радоста и среќата се главните двигатели за родителството при што 87 проценти од испитаниците ги наведуваат како „важни“ или „многу важни“. Мнозинството од испитаниците изразиле желба за две или повеќе деца и сметаат дека семејството е камен-темелник на нивниот идентитет и среќа. Просечната идеална стапка на фертилитет односно бројот на деца што младите би сакале да го имаат во земјите и териториите со низок фертилитет во регионот изнесува 2,6 за жени и 2,9 за мажи додека во земјите со висок фертилитет изнесува 3,7.

Стремежите прекинуваат во доцните 30-ти години: Повеќето испитаници на возраст од 35 до 39 години ниту приближно не ги реализирале своите стремежи поврзани со семејството. Повеќе од една од пет жени (22 проценти) во оваа возрасна група останува без деца, статус којшто во речиси сите случаи не е по сопствен избор. 95 проценти од нив всушност сакаат деца што е сосема спротивно од земјите за споредба каде немањето деца е најчесто прашање на избор.

Значајна разлика во фертилитетот: Разликата помеѓу бројот на деца што младите би сакале да ги имаат и бројот на деца што реално ги имаат во своите доцни 30-ти години е значајна и изнесува 1,25 кај жените и речиси два кај мажите. Оваа разлика е најголема во Украина каде што идеалот кај жените е три деца, но реалниот просек е малку над едно дете.

„Mладите во регионот не му ‘вртат грб’ на семејниот живот туку сметаат дека не се создадени услови за остварување на своите стремежи“, вели Флоренс Бауер, директорка на УНФПА за регионот на Источна Европа и Централна Азија.

„Наодите од анкетата се повик до владите да ги слушнат младите луѓе, да ги разберат пречките со кои се соочуваат и да креираат политики што ќе им помогнат во реализацијата на нивните семејни и репродуктивни стремежи.“

Анкетата покажа дека главните пречки се од материјална природа – финансиската несигурност е главната бариера и за партнерство и за родителство по што следат недостаток на соодветно домување, здравствените проблеми, неможноста да се најде вистинскиот партнер како и загриженоста за нееднаквата распределба на грижата за децата и домашните обврски.

Анкетата покажува нормативно сценарио коешто е широко прифатено во регионот а според кое младите луѓе следат одреден редослед – пристојното вработување мора да се реализира пред самостојното домување, самостојното домување пред стабилното партнерство, а стабилното партнерство пред родителството. Секој следен животен настан се одложува или се става во мирување кога недостасува една алка од овој синџир.

„Анкетата јасно укажува зошто не функционираат политиките на влијание преку стимулации или притисок врз одлуките на младите да имаат деца. Тие интервенираат во погрешна фаза, на крајот од синџирот на животни пресвртници чии претходни алки често се прекинати“, вели Бауер.

„Наместо тоа, ни требаат политики што ги отстрануваат пречките коишто водат до ваква одлука во вработувањето, домувањето, здравството и родовите улоги во семејството со цел младите луѓе да ги реализираат своите животни и семејни стремежи“.

За анкетата

Анкетата на УНФПА за демографската иднина за регионот на Источна Европа и Централна Азија се спроведе во 2025 година меѓу повеќе од 13.500 испитаници на возраст од 18 до 39 години со пристап до Интернет во 11 држави и територии во Источна Европа и Централна Азија (Азербејџан, Босна и Херцеговина, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Северна Македонија, Србија, Украина, Узбекистан и Косово [UNSCR 1244]). Анкетата е дел од глобалната анкета на УНФПА за демографската иднина.

Анкетата на УНФПА за демографската иднина за регионот на Источна Европа и Централна Азија може да ја прочитате на следниот линк:

Глобалната анкета на УНФПА за демографската иднина може да ја прочитате на следниот линк: