Реклама

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Мицкоски најави период на резултати, со реконструкцијата владината коалиција се проширува со Демократската партија на Турците

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Експерти за реконструкцијата: Владината ротација носи стабилност и нова енергија

Почнува изградбата на „Лидл“ во Струмица

Нова опрема и технологија на аеродромот во Скопје – побрзи контроли и поголема безбедност на патниците

Мобилните телефони се почесто ги заменуваат картичките и готовината

Блокада на Изборниот законик: ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на СДСМ и Левица, но не се откажува од дијаспората

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа, новата енергија е ново забрзување

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Коцка ќе се фрла подалеку од училиштата, нема веќе агресивни светлечки реклами: стапува на сила новиот закон

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Прилози

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Во пресрет на летната туристичка сезона, македонските и српските институции ја започнаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на летната туристичка сезона, македонските и српските институции ја започнаа првата заедничка превентивна кампања „Вози одморен“, чија цел е да ја подигне свеста кај возачите за опасностите од заморот зад воланот и да придонесе за поголема безбедност на патиштата.

Кампањата официјално беше означена на граничниот премин Табановце од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот, Горан Ангеловски, министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ и директорот на српската Агенција за безбедност во сообраќајот, Бранко Стаматовиќ.

Тошковски истакна дека заедничката иницијатива претставува уште една потврда за добрата соработка меѓу Македонија и Србија и испраќа јасна порака дека превенцијата е најдобриот начин за зачувување на човечките животи.

Реклама

„Возачите кои во овие жешки денови тргнуваат на подолги патувања треба да бидат одморени, да прават пауза на секои два до три часа во траење од најмалку 15 минути, да внесуваат доволно вода и да ги почитуваат сообраќајните правила, особено ограничувањата на брзината. Најголем број од сообраќајните несреќи се случуваат поради замор или неприлагодена брзина. Ако со оваа кампања спасиме барем еден човечки живот, тогаш таа ја исполнила својата цел“, изјави Тошковски.

Министерот упати и апел до сите домашни и странски возачи кои се движат по Коридорите 8 и 10, нагласувајќи дека системот „Безбеден град“ веќе функционира и ги регистрира сите сообраќајни прекршоци.

Неговиот српски колега порача дека со оваа иницијатива само се продлабочува соработката меѓу двете земји.

„Ова е само еден вид на соработка, овој пат меѓу агенциите за безбедноста во сообраќајот. Сакам да ве потсетам дека неколку години работиме на модернизација и олеснување на преминувањето на граничниот премин Табановце“, изјави Дачиќ.

Секојдневно низ овој граничен премин поминуваат од 20 до 30 илјади луѓе, а во текот на летниот период бројката е поголема. Успехот на соработката на двете страни во изминатите години се согледува во фактот дека на овој граничен премин никогаш не се чека повеќе од еден час.