За неколку месеци од сега, ВМРО-ДПМНЕ очекува победа и промена на власта во Македонија. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски вели дека бројка на 61 пратеник кои тие ги би освоиле се реалност, а токму таа поддршка ќе биде поткрепа за власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ ревоносно да се бори против криминалот, корупција кои процветале со оваа власт на СДСМ и ДУИ.
Мицкоски им порача на социјал-демократите кога ќе бидат во опозиција да се реконструираат и да работат во полза на Македонија, а не за лични интереси.
ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било пообединето, кохезивнио, гориме од желба да бидат распишани избори да покажеме колку е тоа единство големо, после ова дури сум изненаден колку граѓаните измнитиве два дена ни пристапуваат, ако до скоро бев во дилема дали сме блиски до 61 , сега немам дилема, тоа е возможна цел. Тоа ни е важно зошто така ќе ставиме крај на криминалот, корупција, распарчувањето на Македонија, рече Мицкоски.

Коментирајќи ги гласините за изгасување на уставни измени со изгласување на измените во кривичниот законик, Мицкоски е јасен, вели дека тој никогаш никакви средби зад завесата немал, особено не средби кои би штетеле на Македонија.
Ниту некогаш ниту сега ниту во иднина сум имал тајни средби, слушнавте од Али Ахмети кој е тој кој што имал тајни средби и кои се тие кои што имале тајни средби. Слушате од меѓународни медиуми, кредибилни извори, кои се тие кои што ја делеле парчеле Македонија, но истовремено ја уривале правдата и чувството за правдина на Македонија. Додека јас сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ никогаш немам намера позади завесата да договарам и да преговарам ништо коешто ќе може да биде штета на македонскиот идентит, на македонските граѓани и на Македонија како држава. Сѐ што бараме како политичка партија го кажувам јасно и гласно и го кажувам јавно“, истакна Мицкоски.
На прашањето за преписките кои ги имаа Мицкоски и поранешниот претседател на партија, Груевски, Мицкоски вели дека тој веќе својот став јасно го кажал, а ВМРО-ДПМНЕ се кохерентни и силни како никогаш досега.
Тоа што имав да кажам го кажав, ВМРО-ДПМНЕ и Македонија во овој момент имаат опција или да изберат – оската мегу ДУИ, СДСМ и поранешни малкубројни структури од ВМРО ,нивните тајни средби и да продолжи да тоне во корупција, криминал или да изберат реформи и виситнска преспектива, изборот на ВМРО е јасен како и на голем број сограгани кои деновиве даваат отворена поддршка за кој е вистинскиот избор, ние сакаме Македонија да оди напред
Претседателот на партија повторно го повтори ставот дека ниту еден од актуелните пратеници нема да гласа за уставни измени под овие услови, а откако тој ќе дојде на власт ќе седнат и ќе бидат што можат да направат и да преговараат.
