Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Соседите во зградата на изгорениот стан во Штип бараат помош, проблем е сопственичката

Станарите во зградата 5В на улица „Широк дол„ во Штип бараат начин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Станарите во зградата 5В на улица „Широк дол„ во Штип бараат начин како да и помогнат на соседката, а со тоа и си ги спасат  домовите од непредвидливи ризици. Категорични се дека жената која живее во станот кој во неделата вечер целосно изгоре и во ризик стави  дваесетина семејства, има потреба од помош.  Од институциите барат  соодветно да реагират.

„Ова не е прв пат. Овде сме дваесет години. Трет пат се пале„ – изјави Снежана Тодорова.

„Сами гледате, полно е картони, пластика. Тапа да најде, тапата ќе ја земе. Кучиња внатре чува. Она е болна жена. Секаде се обративме, но ништо„ – изјави Ване Маноилов. 

Реклама

Финансиска помош за станарите чии станови претрпеа штети денес им вети  градоначалникот, но и логистичка поддршка во институционалниот лавиринт..

„Во однос на она што практично е побарано од нас покрај тоа што не сме надлежни ќе искомуницираме со институциите на системот за да се реши проблемот што се провлекува со години„-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Од штипскиот Центарот за социјални работи информираат дека лицето не е во нивна евиденција од 2014 година и е корисник на пензија. Во моментот тим утврдува дали членови од семејството би можеле да се грижат за нејзе.

Пред десетина години станарите имат поднесено и петиција до Локалната самоуправа, но решение за проблемот се уште немат. 

Александра Ристевска