Реклама

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Македонија

Сместување во студентските домови со најмногу 30 години возраст и забрана ако е сторена потешка повреда на куќниот ред 

Најмногу со 30 години возраст ќе може да се аплицира за сместување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмногу со 30 години возраст ќе може да се аплицира за сместување во студентски дом и забрана од една до пет години за сместување ќе имаат студентите што ќе сторат потешки повреди на куќниот ред – ова се две крупни измени предложени во Законот за студентскиот стандард, кои се во моментот во Собранието. 

Ова денеска на средба со новинарите ги образложи министерката за образование и наука Весна Јаневска, која очекува измените да бидат донесени овој месец.  

Ограничување на возраста на студентите до кога може да бидат сместени во студентските домови се воведува затоа што се откриени студенти што со години се сместуваат во домовите и, како што рече, Јаневска, законски наоѓаат начин и ги користат услугите за 3.400 денари месечно да живеат со сите покриени трошоци за храна, вода, струја и сè што им е потребно. 

Реклама

– Едноставно, презапишуваат години на факултет и добиваат услуги во дом. Тоа го спречуваме и воведуваме максимална старосна граница на студент што аплицира за сместување во дом да биде возраст од 30 години. Втората измена е воведување казнена одредба – забрана од една до пет години за сместување во студентски дом за студентите што ќе сторат потешки повреди на куќниот ред – ќе направат штета на инвентарот, ќе бидат фатени со алкохол или со други супстанции или доколку се констатира навредливо, заканувачко, агресивно или насилно однесување, физичко или психичко малтретирање, вознемирување, дискриминација или друго недолично постапување, со кое се загрозуваат безбедноста, здравјето, интегритетот и достоинството на другите студенти и на вработените во домот или се нарушува непреченото функционирање на домот. Воведуваме градација во забраната од една до пет години, во зависност од делото што е сторено – информира Јаневска.

Јаневска посочи дека во студентските домови се реализираат крупни инвестиции, а два („Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје) се во процес на темелна реконструкција, по европски стандарди, која ќе заврши до октомври. 

– Објектите на „Стив“ и „Кузман“ стануваат модерни и енергетски ефикасни. Ќе бидат прекрасни и јас очекувам младите да го ценат тоа и да ги чуваат за да може што повеќе генерации да ги користат. Овие две одредби се за подигање на безбедноста во домовите и тоа е основано врз аргументи што ние сме ги добиле од самите домови – рече Јаневска.

Според неа, „постојат драстични разлики во менаџирањето на домовите, утвредено со ревизија и со анализа на работењето на директорите“.

– За жал, мора да кажам дека ревизијата за работењето на одредени директори има сериозни забелешки, што по принцип на функционирање на законите ќе биде пријавено таму каде што треба да биде пријавено. Имаме многу успешни домови, кои имаат и резерва, а не само да платат струја, да обезбедат храна и да го одржуваат домот, и имаме домови во кои, еве, ќе се случи да се исклучи струјата – рече Јаневска во врска со ситуацијата во студентскиот дом во Охрид, каде што нема електрична енергија.

За овој студентски дом во процедура е распишување конкурс за нов директор, а бидејќи е предвиден за реконструкција кон крајот на годината, како што рече, „ќе се потрудиме некако да ги отплаќаме долговите и ќе треба да ги сместиме студентите за што има одлука на Влада“.

– МОН ќе направи сè да ги доведе домовите до нула, но не е сè до МОН. Министерството за образование и наука има одредени ингеренции, но ги нема сите ингеренции ниту над домовите ниту над училиштата. Затоа таму постојат директори, управни одбори и училишни и надзорни одбори. Ќе си ја преземат одоворноста тие што ги воделе домовите – изјави Јаневска. 

Раководствата на тие студентски домови ќе бидат заменети, а по наоди на државната ревизија, рече, МОН пријавува кај истражните органи, т.е. Обвинителството. 

Со финансиска рамка од 86 милиони евра, пари од ЕУ, Германската развојна банка и од државата, односно од Министерството за образование и наука, ќе бидат обновени девет државни студентски дома и девет ресурсни центри за децата со попреченост, кои, рече, се наоѓаат во незавидна сотојба.

Министерката посочи дека во тек е евалуација на јавниот повик/тендер за реконструкција на другите седум дома и очекува таа да почне годинава за сите седум.

– Се разбира, кога ќе имаме избран оператор, ќе се договориме со која динамика и како ќе се одвива тоа. Но, очекуваме и тие во следните две години, ако не бидат комплетно завршени, барем да бидат при крај на завршувањето и со тоа ќе направиме една целина во која ги завршуваме сите барања и вистински потреби на државата за младите – рече Јаневска. 

Додаде дека до завршување на мандатот на Владата ова ќе биде завршено и ќе тече заедно со повеќе други активности што се преземени од МОН и од Владата во делот на студентскиот стандард.

– Воведуваме и нови стипендии, проширување на субвенционирниот студентски оброк, доделување ваучери итн. и ќе се обидеме да ги згрижиме новите генерации да се едуцираат и да работат тука, да ги задржиме во земјата. Преземаме многу активности за тие да си останат дома. Да не дозволиме понатамошно иселување како што имавме во претходните седум години кога бројот на студенти е намален за седум илјади, а бројот на ученици за 17 илјади – рече министерката.