Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Економија

„РАСТЕМЕ ЗАЕДНО” – БИМИЛК И СОС ДЕТСКО СЕЛО ЈА ПРОДОЛЖУВААТ СОРАБОТКАТА ПРЕКУ СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО

Битолска млекара ја продолжува соработката со СОС Детско село со стратешко партнерство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести


Битолска млекара ја продолжува соработката со СОС Детско село со стратешко партнерство со
што поддршката од компанијата во финансиска помош и донации во добра станува долгорочна
цел и помош за организација. Стратешкото партнерство опфаќа финансиска помош за
згрижувачките семејства на месечно ниво. Оваа соработка и Бимилк како донатор значајно ќе
ја помогне континуираната работа на организацијата и поддршка за оние на кои им е
најпотребно – децата и младите без родителска грижа.
Компанијата Бимилк како дел од својата политика за Општествена одговорност е
долгогодишен поддржувач на СОС Детско село преку донации од големиот асортиман на
нивните производи, при што децата од СОС Детско село долги години растат со млекото и
млечните производи на Бимилк.
„Создавањето на ова стратешко партнерство е следниот чекор по долгогодишната соработка
што ја имаме со СОС Детско село и претставува вистински придонес за една исклучително
благородна мисија – овозможување генерации деца да растат во топол дом. Со станувањето
дел од оваа мисија Бимилк ја унапредува и развива својата општествена одговорност што
преминува во долгорочна цел за децата од оваа организација со која овозможуваме што
повеќе генерации да растат со нашите производи, како што сите растеме заедно со
производите на Битолска млекара“, истакна Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг
менаџер во Бимилк.
За СОС Детско село стекнувањето на стратешки партнер и продлабочување на соработката со
Битолска млекара е посебно корисно и потребно во период кога се зголемуваат капацитетите
на организацијата и потребата од згрижувачки семејства.
„Со зголемување на бројот на згрижувачките семејства поддржани од СОС Детско село во 2023
година, пријателството со Бимилк е чекор што ќе ја осигура нашата работа и мисија. Горди сме

и благодарни на оваа транзиција со Бимилк, од пријатели кон стратешки партнери каде што
заедно ќе ја остваруваме мисијата“, велат од СОС Детско село.