Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Предвремени избори единствено решение за крај на политичката криза

Опозицијата нуди избори, власта бега од нив, ама последните пораки од странските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозицијата нуди избори, власта бега од нив, ама последните пораки од странските амбасадори како да навестуваат дека власта ги губи асовите во ракавот, и нема да може да избега од предвремените избори.

Политичката сцена во Македонија ,од ден на ден се повеќе се заплеткува. Ветени, но неисполенти преговори со ЕУ, ловење пратеници за уставни измени, сомнителни договори за коридори, скандали со корупција, жестоки критики од меѓународната заедница.

Дури и внатре во Владата врие, коалиционите партнери на Ковачевски имаат барања до него, од кои може и да зависи понатамошното коалицирање. ДОМ бара Владата да не дозволи отворање на рудник во Иловица, претходно партијата на Павле Трајанов не се согласи со вметнувањето на Бугарите во Уставот, неофицијално и други двајца пратеници еден од СДСМ, а еден од коалиционите партнери не се согласуваат со отворање на Уставот.

Реклама

А токму уставните измени беа и дел од изјавата на евроамбасадорот Гир, кој рече дека и да не се случат уставните измени, ЕУ немала да исчезне.

Дел од аналитичарите велат, избори во Македонија се неопходни.

Јас се сложувам со повикот на опозицијата и мислам дека тоа е единствен демократски и културен начин да се предупреди оваа власт дека и е веќе истечено времето. Избори требаше вчера да се одржат, за утре можеби ќе биде и многу доцна. Јас сум за тоа изборите да се одржат што е можно побрзо, со надминување на оние стари законски решенија за преодна влада, вели Климовски за Алфа.

Kлимовски вели само со заминување на оваа власт, Македонија може да мрдне од мртва точка.

Предвремените избори се единственото мирно средство со кое оваа власт треба да се симне и да си оди. И да отвори простор за нови идеи, програми, за надминување на сите овие слабости, вели Климовски.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ неколку пати повикаа на предвремени избори, понудија и неколку датуми за одржување на истите, но власта секогаш ја одбива понудата.  Дали нула резултатите што ветуваше додека беше во опозиција, а не ги исполни, сега ќе ја натераат да ги прифати предвремените избори?

Мери Симоновска