Реклама

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Економија

Николоски: Над 1200 проекти со поддршка на Владата се работат во општините

Во моментов во општините низ Македонија се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во моментов во општините низ Македонија се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка од Владата, а целта е да се подобри локалната инфраструктура што директно го олеснува секојдневниот живот на граѓаните, вели заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Според него, општините со години биле запоставувани, поради што Владата одлучила паралелно со големите инфраструктурни инвестиции да даде приоритет и на локалните проекти.

-Убаво е да зборуваме за брза пруга, автопати, експресни патишта и аеродроми, но прво луѓето кога ќе излезат од дома гледаат дали газат во кал, дали имаат атмосферска канализација, водовод, фекална канализација и уредени тротоари. Тоа е она што им е најважно на граѓаните. Ако тоа не го средите, нема поента да ги градите големите инфраструктурни проекти, изјави Николоски.

Реклама

Тој нагласил дека токму затоа Владата најпрво се фокусирала на подобрување на локалната инфраструктура, а потоа и на инвестиции во градинки, училишта, амбуланти и болници, како основа за понатамошен развој.

Николоски, какошто информираат од Министерството за транспорт, се осврнал и на мерките за поддршка на стопанството, оценувајќи дека поволните кредитни линии значително ги поттикнале инвестициите во приватниот сектор.

Според него, компаниите добиле пристап до кредити со поволна каматна стапка што овозможило евтино финансирање.

-Кога на пазарот ќе понудите кредит со камата од 1,95 проценти, банките мора да ги намалат и останатите камати за да останат конкурентни. Нашата проценка е дека покрај 250 милиони евра обезбедени преку овие кредитни линии, компаниите повлекле уште околу 250 милиони евра редовни кредити, а инвестирале и најмалку исто толку сопствени средства. Тоа значи дека зборуваме за инвестициски циклус од најмалку 750 милиони евра во приватниот бизнис, рекол Николоски.