Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

На Тумбе кафе во Битола пронајдени и безбедно подигнати над 1.400 бомби и гранати од Првата светска војна

СВР Битола информира дека од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СВР Битола информира дека од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола било пријавено е дека на место викано Тумбе кафе, во поранешната касарна во Битола биле пронајдени и безбедно подигнати над 1.400 парчиња бомби и гранати од Првата светска војна.

Станува збор за 540 парчиња минофрлачки гранати, 371 рачни бомби и 532 тромблонски гранати, сите од Првата светска војна.

Од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола, потврдија дека акцијата за истражување, откривање и отстранување на неесклподирани материјали од Првата светска војна ќе биде прекината заради високите дневни температури и ќе продолжи во месец септември до кога се очекува вработување на уште еден пиротехничар кој ќе се придружи на единствениот пиротехничар во овој регион.

Реклама

Местото на Тумбе кафе, каде што беа пронајдени и безбедно подигнати откриените бомби и гранати е обезбедено и забрането за движење.