Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Коалицијата „Сите за правично судење” загрижени за постапувањето во Судски совет

Од Коалиција „Сите за правично судење“ се загрижени како постапувале членовите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од Коалиција „Сите за правично судење“ се загрижени како постапувале членовите на Судскиот Совет на седницата на која меѓудругото, се расправаше за поднесени жалби на ранг листи на кандидати за избор на судии во повисок суд, односно на кандидатите кои конкурирале за Апелациониот суд Скопје.

  • При разгледување на жалбите, констатирано е различно постапување на Советот по одредени прашања. Имено, на седницата одржана на 18 октомври, Советот расправаше дали потврдата од Академијата за судии и јавни обвинители треба да се смета за доволен доказ дека кандидатите имаат изготвени образовни материјали и одржани обуки, или за истото кандидатите треба да достават и други докази, стои во реакцијата.


Пред да се пристапи кон гласање и одлучување, тројца членови на Советот ја напуштија седницата, по што на седницата останаа вкупно 9 членови со право на глас, односно Советот имаше кворум за одлучување. Во таквата ситуација, Советот донесе одлука со 5 гласа ЗА и 4 ПРОТИВ, односно утврди дека треба да се уважи жалбениот навод на кандидатот и потврдата од Академијата да ја прифати како доказ. По ова, дел од членовите на Советот реагираа дека Советот претходно има донесено одлука при одлучување за други жалбени наводи од друг кандидат, согласно која одлука ваквите потврди не треба да бидат прифатени како доказ за спроведена обука или изготвени образовни материјали, по што седницата беше прекината, се пишува во реакцијата.

  • Продолжението на седницата беше закажано на 19.10.2023 година, на кое продолжение Советот иако веќе претходно гласаше за истото прашање и имаше донесено одлука, сепак повторно одлучуваше за иста работа, со образложение дека седницата продолжува онаму каде што била прекината претходниот ден. Со ваквото повторено гласање Советот донесе поинаква одлука, односно со 5 гласа ЗА и 7 ПРОТИВ не беше прифатена потврдата од Академија како доказ за одржана обука и изготвени образовни материјали, стои во реакцијата на Коалицијата.


Ваквото постапување на Советот, особено загрижува со оглед дека Советот кога прв пат ја донел одлуката го имал кворумот за одлучување, и нејасно е зошто Советот се впуштил повторно во одлучување за работа за која веќе е донесена еднаш одлука без притоа да дадат соодветно образложение за ваквото постапување. Притоа, не беше иницирана никаква постапка за укинување или поништување на претходно донесената одлука, со што Советот повторно ја примени неприфатливата практика на ставање одлуки вон сила без законски основ и без никаква процедура. Во оваа насока, исто така е битно да се има предвид дека Советот нема разработено подетални правила на постапката за рангирање на кандидатите и начинот на одлучување, поради што, видно и од оваа ситуација, дали еден ист документ ќе се смета како доказ за иста работа зависи единствено од тоа кои членови на Советот се присутни на седницата на која се одлучува, со што сериозно е загрозена предвидливоста на овие постапки, а со тоа и правата на кандидатите за судија во повисок суд, велат од Коалицијата „Сите за правично судење”.

Реклама
  • Поради ова, Коалицијата апелира Судскиот совет да постапува во рамки на законите и позитивните прописи со оглед на фактот дека легитимитетот и довербата во ова тело се поткопани неколку месеци наназад.

За седницата и реакциите прочитајте и во продолжение: