Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Касами ќе најде најдобро решение за преименување на улиците во Тетово, оцени министерот Николоски 

– Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во одговор на новинарско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во одговор на новинарско прашање денеска оцени дека градоначалникот Биљал Касами ќе најде најдобро решение откако во албанскиот политички блок одреден период се води јавна полемика на тема преименувањето на улиците во градот, а во прашање е доведено и функционирање на Советот.

Истакнувањето политички ставови на оваа тема се интензивира откога минатиот месец Уставниот суд одлучи дека Советот на Општина Тетово во 2007 година со неуставна одлука извршил преименување на улиците.

– Јас сум убеден дека градоначалникот Касами ќе го најде најдоброто решение. Тој е исклучително паметен и прагматичен човек и во соработка со сите чинители во Општина Тетово ќе го најде најдоброто решение, убеден сум во тоа, а ние имаме одлична соработка и таа ќе продолжи и во следниот период. Знам дека на многумина им пречи тоа и не се среќни, особено од опозицијата, но оваа Влада покажа дека може да испорачува – рече Николоски. 

Реклама

Оваа недела ДУИ поднесе барање Советот на Општина Тетово на 13 јули да расправа по предлог-одлука за именување и преименување на улиците, плоштадите и јавните површини на територијата на општина Тетово. Според законските одредби, доколку предлог-одлуката на ДУИ биде прифатена и изгласана, Советот на Општина Тетово треба да се распушти и да има нов избор.

– Се работи за предлог-одлука (н.з. на ДУИ) која е финална. Процесот за именување улици треба да биде демократски и во согласност со Уставот и законот. Предлог-одлуката, која е предложена од ДУИ, е во финална фаза. Откога ќе се поминат сите дебати, предлози од граѓаните според законот и да се помине и во Владата да се даде согласност и после се доаѓа до одлуката, која сега е предложена од ДУИ. Ако се оди со таа одлука, и Советот и советниците одлучија да ја прифатат автоматски, според некои наши согледување од експертите од правната фела, кажуваат дека Советот автоматски оди на реизбор – рече Касами.

Во Советот на Општина Тетово ДУИ е во опозиција, а мнозинството 16 од 31 советник го имаат „Вреди“ и ВМРО ДПМНЕ.

Премиерот Христијан Мицкоски во неколку наврати истакна дека има коалициски договор, според кој улици што веќе имаат име да не се менуваат, а ќе се именуваат улици со број, според новата постапка што ја води Општина Тетово. Таа постапка не е поврзана со одлука на Советот од 2007 година.