Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Инвестиции во Прилеп – нови водоводи и подобрување на комуналната инфраструктура

Околу 38 милиони денари од Министерството за животна средина ќе се слеат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 38 милиони денари од Министерството за животна средина ќе се слеат во Општина Прилеп за реализација на три капитални водоснабдителни и комунални проекти. Се поставуваат водоводи во населени места, во Индустриската зона „Селце“, како и во градот. Сите овие проекти се дел од Програмата за 2026 година и треба да бидат завршени до наесен. Според заменик-министерката за животна средина, ваквите потези на Министерството се доказ дека тоа останува сериозен партнер на општините за нивниот еко-развој.

Тонско Ане Лашкоска – заменик-министер за животна средина.

„Тука сме во село Лениште, каде што со целосни средства од Министерството, во износ од 21.219.803 денари, се гради водоводна мрежа… Во исто време се гради водоводна мрежа во Индустриската зона и населеното место Селце. Таму станува збор за проект вреден 9.779.604 денари, а во завршна фаза е проектот за промена на водоводната мрежа од јазолот на Булевар „Гоце Делчев“ со улица „Кузман Јосифоски“… Вредноста на финансирањето е 7.133.381 денар“, – изјави Ане Лашкоска, заменик-министер за животна средина.

Реклама

Тонско Дејан Проданоски – градоначалник на Прилеп.

„Заедно со помош од Министерството работиме на неколку проекти. За сите проекти граѓаните ќе бидат информирани. Правиме и секојдневен притисок врз изведувачите да ги забрзаат своите активности за да ја искористиме оваа градежна сезона и да ги ставиме во функција до крајот на градежната сезона, а со тоа да покажеме посериозна реализација на буџетот и на средствата што ни се доделени од надлежните министерства“, – кажа Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Инаку, Министерството за животна средина вложува сериозни средства и во подготвителните активности за претстојната изградба на Регионалната депонија во Новаци. Според Лашкоска, таму процесот е во втората фаза, која опфаќа доделување канти, контејнери и камиони за ѓубре на сите 18 општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион, кои во иднина ќе ги користат услугите на оваа модерна депонија, чија изградба треба да започне најдоцна до почетокот на идната година.