Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Измените на кривичниот законик може да ги натераат европските партнери да и предсудат вето на Mакедонија

И да ги внесеме бугарите во Уставот,тоа што Македонија е до врат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И да ги внесеме бугарите во Уставот,тоа што Македонија е до врат заглавена во криминал и корупција ќе не остави повторно пред портите на Унијата, сметаат дел од аналитичарите. Зголемувањето на криминалот и неказнивоста за истиот, особено преку последните измени на КЗ, се причина плус дури и ги задоволиме апетитите на Софија заради не владеењето на правото некоја држава членка на ЕУ да стави рампа за да го фатиме конечно возот кон европското семејство.

Токму неказнивоста на криминалот и затскирената амнестија беше причина Холандија и билатерално да реагира до македонската влада за новите измени на КЗ.

Поранешниот амбасадор Донев за Алфа вели дека критиките од меѓународната, токму за измените на КЗ и те како ќе ја влошат и онака лошата состојба на Македонија во очите на странските партнери.

Реклама

Ние не треба да заборавиме дека Холандија без оглед на тоа што е мала држава е многу влијателна внатре во ЕУ. Ако Холандија нешто кажува тоа јасно покажува дека работата е многу сериозна, не би реагирала амбасадата доколку нема јасни инструкции дека треба да и се предочи тој момент на македонската влада. Прашањето за бугарите е сосема второстепено во овој момент во Македонија, вели Донев за Алфа.

Проблемите со корупцијата, но и брзоплетото донесување на измени на кривичниот законик, според дел од граѓанскиот сектор може да прави проблем во нашиот процес кон ЕУ. Николовски од Евротинк за Алфа вели дека со секоја следна оценка на нашиот напредок, дефинитвно можеме да бидеме блокирани заради владеење на правото.

Многу проблематични се тие измени, многу мои колеги од граѓанскиот сектор го имаат искажано таквиот став. За мене е особено загрижувачки што беше така донесен преку ноќ, без потребните јавни дебати за едно вака огромно прашање што се однесува и на европските интеграции. Тоа останува како дамка, вели Николовски од Евротинк.

Со сличен став е и претеседателот на институт за демократија Социетас Цивилис, Трошановски кој вели дека корупцијата е главната пречка на Македонија за ЕУ.

Овие промени не беа поддржани од никој од нашите меѓународни партнери, некои тоа го кажаа јавно, некои реагираа институционално, тие се третираат како нужно зло за кои плативме голема цена, во смисла на намалена доверба во институциите, срозена доверба дека ке има неселективна правда и во таа смисла, со овој чин ние значително го подривме потенцијалот на нашето општество да се менува низ пристапниот процес на ЕУ, вели Марко Трошановски.

Голем дел од познавачите и претходно предупрадија дека и да ги внесеме Бугарите во Уставот, нема вратите на Унијата магично да ни се отворат, бидејќи на Македонија и се неопходни реформи, и справување со корупцијата која може да биде главниот камен на сопнување и повторно да останеме во ЕУ чекалницата. Во јули летово, и евроамбасадорот Гир порача дека Европската Унија ќе бара и задоволување на други критериуми за влез во Унија покрај уставните измени, кои се веќе во втор план.