Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе ја посети општина Кичево, во рамки на иницијативата за информирање на јавноста со цел приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници.
Посетата ќе почне со средби меѓу амбасадорот Рокас, градоначалникот Александар Јовановски и членовите на Советот на општината.
-Дискусиите ќе се фокусираат на придобивките од пристапувањето во ЕУ, како и на видливото влијание на финансиската поддршка на ЕУ врз секојдневниот живот на луѓето во овој регион, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје.

За време на посетата амбасадорот Рокас ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество и ќе учествува во отворена дискусија со граѓаните на Кичево.
