Реклама

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти хистеријата и прогнозите на опозицијата и нејзините сателити, Македонија е со најниска инфлација и цени во регионот

Македонија со најниска инфлација од земјите во регионот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија со најниска инфлација од земјите во регионот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно се справува со поскапувањата и цените ги задржа на најниско можно ниво, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Додека светот се соочува со ценовни шокови, со преземените владини мерки за време на енергетската криза предизвикана од војната во Иран, состојбата во државата остана стабилна и контролирана.

Државниот завод за статистика потврди дека годишната инфлација во јуни месец се намали и изнесува 3,4%, додека пак, споредено со претходниот месец мај се забележува намалување од 0,5 проценти, а за 0.8 проценти се намалил индексот на цените на мало во јуни.

Реклама

Друг податок кој претставува посебно задоволство и успех е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува 2,5%, додека кај облека и обувки е 2,1%.

Наспроти хистеријата и прогнозите на опозицијата и нивните сателити, овие статистички податоци се потврда дека цените на прехранбените производи и безалкохолните пијалаци се држат на стабилно ниво.

Ова се охрабрувачки бројки и потврда дека преземените и спроведени владини мерки во услови на најголемата енергетска криза, ги дадоа посакуваните резултати и ефекти.

Тие што сакаат да креираат паника и лажна перцепција во јавноста уште еднаш се поразени од бројките и од релевантните институции, како што е ДЗС.

Благодарение на брзата реакција на Владата, во Македонија се одржа нивото на најниски цени во регионот, додека светот се соочуваше со ценовни шокови на нафтените деривати.

Потврда дека владата успешно се справува и спроведува мерки за време на оваа енергетска криза, дојде и од ММФ, кој посочи дека по преземените мерки за ублажување на последиците од високите цени на горивата, Македонија е во топ трите земји.