Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Бесплатната градинка и ученички оброк за најмладите во Општина Лозово

Малата рурална општина Лозово која се наоѓа во срцето на Овчеполието, воведува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Малата рурална општина Лозово која се наоѓа во срцето на Овчеполието, воведува сет на мерки со кои ќе го ублажи инфлацискиот удар со кој се соочуваат граѓаните. Иницијативата на градоначалникот за бесплатна градинка и оброк за секој ученик до петто одделение во ООУ„ Методи Митевски-Брицо„ советниците ја изгласаа. Бесплатната градинка за 45 дечиња стартува од наредниот месец, а бесплатниот оброк за околу 140 ученици од септември.

„Мојата иницијатива до Советот на Општина Лозово е за учениците од прво до петто одделение да биде обезбеден бесплатен оброк, додека за наредната година да размислуваме доколку имаме финансиски средства, да можеме да ги опфатиме и погорните одделенија„ изјави Бошко Цветковски, градоначалник на Лозово.

За мерката градинка од буџетот на општината ќе бидат издвоени 400.000 денари, а за бесплатниот оброк што учениците ќе го добиваат до крајот на декември 700.000 денари. Практично Лозово, ќе биде прва во регионот каде што родителите целосно ќе бидат ослободени од плаќање на давачки, а од семејниот буџет на едно четиричлено семејство општината ќе им заштеди од 2.000 до 3.000 денари.

Реклама

„Сите деца заслужуваат еднакви услови. Со тоа ќе овозможиме  да може да бидат запишани максимален број на деца во детската градинка, а ќе оставиме повеќе финансиски средства за родителите да можат да ги искористат за други намени„ изјави Цветковски.

Годинава за прв пат во Лозово ќе се воведе стипендирање на средношколци и студенти, бесплатна забава за полуматурантите,  ваучери за првооделенците, како и по 10.000 денари за секое новородено дете.

Алексадра Ристевска