Реклама
Македонија

Аргументум.ал за пописот во Албанија: Сега и Тирана е засегната од бугарското его

Освен Скопје сега и Тирана е засегната од бугарското его – Бугарија, земја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Освен Скопје сега и Тирана е засегната од бугарското его – Бугарија, земја членка на Европската Унија, уценува во име на европските вредности, ја блокира европската интеграција на државите од Западен Балкан. Го користи своето вето за политички интереси, директно влијаејќи на земјите како Албанија и Македонија, пишува албанскиот портал Аргументум.ал.

Откако пред една недела започна пописот кај западниот сосед, не запираат реакции и поплаките од македонското малцинство дека трпат притисоци и им се нудат бугарски пасоши како на пазар единствено со услов да се декларираат како Бугари.  

Албанскиот медиум во коментарот пишува дека Бугарија стана главна пречка за европското патешествие на македонската држава и причина за внатрешно-политичките кризи на оваа земја. Највраќајќи се уште во 2017-тата авторот потенцира дека ниту властите во Скопје,  ниту во Тирана не презеле доволно за да се спречат намерите на Софија.

Реклама
  • „За жал, низ годиниве ни Владата на Северна Македонија, ни официјална Тирана, ниту пак Европската Унија не презедоа мерки за оваа афера што Бугарија ја правеше со доделувањето на бугарските пасоши (веќе европеизирани)… Од 1945 до 2011 година, кога беше последниот попис, во Албанија нема идентификувано бугарско малцинство. …Во 2017 година Бугарија ги искористи сите механизми што ја принуди официјална Тирана да го вклучи бугарското малцинство во предлог-законот за малцинствата. . 

Авторот повторува дека официјална Тирана трпи бугарски притисок кој го има и денеска, а се навраќа и на посетата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, која изврши директна пропаганда непосредно пред почетокот на пописот во Албанија кога беше на отворање бугарско училиште.

И додека бугарскиот државен врв лично се заангажира да пропагира Македонците во Албанија да се попишат како Бугари, македонските власти со пораки до малцинството таму:

  • Една од целите што сакаме да ја постигнеме со ЕУ-интеграцијата и за која неспорно сите сме за – е кога Република Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ, македонскиот пасош да биде европски пасош за граѓаните понатаму да не чувствуваат какви било притисоци или не бидат залажувани за одредени бенефиции, впишувајќи се како различна национална припадност од онаа што тие ја чувствуваат, изјави Петровска.

Македонското малцинство во Албанија во повеќе наврати за Алфа алармираа дека цела бугарска машинерија е впуштена во притисоци кон Македонците да се декларираат како Бугари. Истовремено, повиците се  граѓаните да се попишат како што се чуствуваат и да не “паѓаат” на заканите од страна на бугарските институции и политичари.