Реклама
Македонија

Апелот до Бугарија во резолуцијата на Бундестагот директно го демантира Османи

Османи вели преговарачата рамка била затоврена и со тоа Бугарија не можела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Османи вели преговарачата рамка била затоврена и со тоа Бугарија не можела да поставува нови услови за Македонија. Германскиот парламент пак упатува пораки до Бугарија да се воздржеле од поставување нови услови ако го смениме Уставот. Дали резолуцијата од изгласана во Бундестагот го демантира македонскиот министер за надворешни работи, кој уверува дека ако ги вментеме бугарите во Уставот патот кон ЕУ ќе ни биде отворен?

Во резолуцијата која содржи 13 точки, во четвртата точка стои:

Да ја повика Бугарија да го поддржи патот на Северна Македонија кон ЕУ во рамките на постигнатиот компромис со Советот и да се воздржи од дополнителни услови;

Реклама

Иако Германија апелира Бугарија да се воздржела од нови пречки за Македонија, сепак Османи тврди дека нови услови немало да има оти преговаачката рамка била затоврена.

Да ја затвориме темата, дека утре може некоја бугарска Влада да каже имаме нов услов. Нема нов услов. Преговарачката рамка е затворена. Во преговарачката рамка има три патокази. Во едниот од патоказите има Акциски план за малцинствата, тоа е единствениот услов, којшто е влезен во бенчмарковите за отворање и затворање на поглавјата, изјави Бујар Османи – минисер за надворешни работи (15.07.2023)

Ако е така како што зборува Османи, зошто тогаш Германија практично го демантира?

И вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ призна дека сепак нови услови, формално правно, се можни.

Убеден сум дека по усвојувањето на уставните амандмани Бугарија ќе го изгуби кредибилитетот да блокира. Тоа не значи дека во текот на разговорите Бугарија или некоја друга држава не може да извади некои прашања коишто како услови ќе ги бара од нас, но за нас е клучно сето тоа да биде втемелено во европските правила, во европските стандарди, да не биде самоволно барање или еднострано барање или билатерално прашање и ние на тоа ќе инсистираме, изјави Бојан Маричиќ – вицепремиер за европски прашања (10.07.2023)

Дека услов за почнување на евроинтерациите не е само вметнувањето на Бугарите во македонскиот устав, предупредуваат и од институтот Социетас цивилис кои велат дека треба да се исполнат уште низа на обврски што ни ги постави Бугарја на кои власта се согласи ставајќи параф на спорните два Протоколи. Меѓу условите се и измени во програмите по историја, нови учебници, натписите на некои споменици, знаци, информациски материјали во музеи и други објекти со образовно и културно значење.

Мери Симоновска