Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Андоновски: Дигитализацијата ја превенира корупцијата, над 90 институции се веќе поврзани на плафтормата за интероперабилност

Борбата против корупцијата е високо на агендата на приоритети за пристапување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Борбата против корупцијата е високо на агендата на приоритети за пристапување на земјава во Европската унија, но тоа не е битка само на еден сектор, неопходна е соработка на сите страни, порачаа учесниците на денешната конференција „Зајакнување на деловниот интегритет преку јавно-приватна соработка“ во организација на М6 Едукативниот центар.

Францускиот амбасадор во земјава Кристоф ле Риголер со порака дека борбата против корупцијата е важна сама по себе и од неа придобивки ќе има целото општество. 

– Борбата против корупцијата не е нешто што се бара, туку е нешто што е важно само по себе, затоа што е важно за граѓаните. На крајот на краиштата, тоа значи дека станува збор за загуба на пари коишто може да се вложат во изградба на болници, училишта, патишта и слично. Се на се, спречувањето на корупцијата е важно за целото општество – вели Риголер. 

Реклама

Борбата против корупцијата не е битка која може да ја води само еден сектор, потребна е соработка меѓу јавните институции, граѓанските организации и академскиот свет, порачуваат од Францускиот антикорупциски фонд кој спроведува антикорупциски проект во Северна Македонија, Молдавија и во Црна Гора. 

– За зајакнување на деловниот интегритет потребна е соработка мегу јавниот и приватниот сектор и тука јавните институции играат клучна улога затоа што тие поставуваат јасни правила кои овозможуваат да се воспостават процеси коишто ќе креираат конкуренција и ќе ја зајакнат соработката со приватниот сектор – вели Хелена Папа од Францускиот антикорупциски фонд.

Од македонската Влада велат дека борбата против корупцијата е еден од прироитетите на коишто работат. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со оценка дека има напредок во сферата на дигитализацијата која е еден од превентивните процеси во борбата против корупцијата.

– Дигитализацијата како процес ја превенира корупцијата на најниско можно ниво со тоа што ги автоматизира процесите, но исто така може и да открива корупција кога станува збор за високи случаи на поврзување на регистри и поврзување на институции преку платформата за интероперабилност. Изминатиот период направивме крупни чекори – над 90 институции веќе се поврзани на плафтормата за интероперабилност, а дигитални услуги имаме повеќе од 320 што значи дека се бориме на два начини против корупцијата внатре во администрацијата – изјави Андоновски.

Во борбата против корупцијата важен фактор е и приватниот сектор, сметаат од Антикорупциската комисија од каде апелираа побрзо да се донесе националната петгодишна стратегија за спречување на корупцијата.

– Како Комисија имаме надлежности во промовирање во интегритетот во јавниот сектор, но интегритетот само во јавниот сектор не е доволен, треба дополнително да се отвори дискусија и со приватниот сектор кој е од другата страна, рече претседателот на Антикорупциската комисија Адем Чучуљ.