Реклама

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Прилози

🎥 „Македонско село“ повторно блесна – нов туристички бисер кај Скопје

Комплексот Македонско село во подножјето на Водно, го враќа својот сјај. Од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комплексот Македонско село во подножјето на Водно, го враќа својот сјај. Од запуштено, руинирано, заборавено место, овој комплекс ги отвори вратите за посетителите. Целта на владата е да го претвори комплексот во едно автентично туристичко место кое повторно ќе биде ставено на мапата за туристички дестинации за домашните, но и за странски туристи.

„Ни се пружи прилика, да го возобновиме македонското село и да ја вратиме автентичноста на комплексот која што ја изгубивме во последните седум години“, изјави

„Со отворањето на портите на овој комплекс ќе се овозможи додатна туристичка дестинација за градот, зголемен број на туристи, отворање на нови работни места“, изјави Ивица Томовски директор на СОЗР.

Реклама

Комплексот ќе биде значаен и за градот Скопје и за Македонија. Тој го претставува индентитот и културата на Македонија. За оние кои не се во можност да патуваат со автомобил, до селото во моментов има обезбеден автобуски превоз кој е многу редок, но Томовски очекува по локалните избори и смената на Арсовска, автобусите да бидат редовни, а превозот подобро организиран.

Автобуски превоз има, но многу е редок, се надевам со доаѓање на нов градоначалник на град Скопје ќе има почесто редовни линии, за да можат туристите и граѓаните од град Скопје да дојдат и да го посетат местото, бидејќи со овој сегашен градоначалник немаме баш разбирање во поглед се што значи држава и државност“, изјави Ивица Томовски директор на СОЗР

Со реотворањето на комплексот, ќе бидат создадени услови за поттикнување на развојот на туризмот и зајакнување на локалната економија, отворање на нови работни места, а ќе биде унапреден и туристичкиот капацитет во Скопје што ќе влијае на зголемен број туристи не само во главниот град, туку и воопшто во земјава. Селото има 12 куќарки, кои ја раскажуваат многувековната култура и историја. Во просториите се претставени и македонските занаети, а делови  се користат и како хотелски соби. Има и ресторански дел во кој гостите ќе можат да ги вкусат традиционаните македонски јадења и специјалитети.