Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Џефри Гил со злато на 100 метри на Светското првенство во ледено пливање

Младиот пливач Џефри Гил (18) од Ватфорд, Англија, со потекло од Делчево,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Младиот пливач Џефри Гил (18) од Ватфорд, Англија, со потекло од Делчево, освои златен медал на Светското првенство во ледено пливање кое се одржа во Оулу, Финска, во екстремни арктички услови.

Гил кој настапи за Македонија го освои првото место на трката на 100 метри, со што уште еднаш го потврди својот талент, силна физичка подготвеност и способност да се натпреварува во еден од најекстремните спортови во светот.

Претходно Гил освои второ место на 50 метри градно, обезбедувајќи пласман меѓу најдобрите натпреварувачи во оваа дисциплина. Со тоа тој уште еднаш ја потврди својата константност и конкурентност на меѓународната сцена.

Реклама

Светското првенство во зимско пливање во Оулу се одржува од 2 до 8 март и опфаќа голем број трки, штафети и специјални дисциплини, а се смета за едно од најголемите меѓународни собири на љубители на пливањето во студени води.