Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Свет

Џо Бајден ги посети дипломците на Академијата на воздухопловните сили на САД

Претседателот Џо Бајден упати топли зборови – и трезвено предупредување – додека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот Џо Бајден упати топли зборови – и трезвено предупредување – додека им се обраќаше на дипломираните студенти на Академијата за воздухопловни сили на САД.

„Светот во кој дипломирате не само што брзо се менува – и темпото на промени се забрзува. Гледаме зголемени глобални предизвици, од руската агресија и бруталност во Европа, до нашата конкуренција со Кина и многу пекол меѓу нив“, рече Бајден.

Бајден додаде дека, небото е важно повеќе од кога било.

Реклама

„Сметаме на вас да не држите во првите редови на доминацијата на воздухот и вселената, овозможувајќи и на целата заедничка сила да биде посилна“, додаде Бајден.

Оваа дипломска класа – создадена во неизвесноста на пандемијата со ковид-19, се појавува во неизвесен свет. За некои алумни, сензацијата е позната.

Лу Хеч дипломирал во 1970 година и се приклучил на елитната воздушна ескадрила Гаврани, која летала на класифицирани мисии над Лаос.

„Нивниот клуч за опстанок беше нашата воздушна поддршка. И, тоа е причината зошто Гавраните беа таму. Бевме таму за да ги насочиме воздушните напади и да обезбедиме воздушна поддршка за нашите сојузници од Лаос на теренот. И, тоа е прилично точно денес. Истото беше и во Авганистан. Истото важи и во Украина. Треба да го поседувате воздушниот простор, а способноста да се испорача убојни средства од воздух е клучот за битката“, рече пензионираниот потполковник Лу Хеч.

Програмата беше декласифицирана во средината на 80-тите, но тие водеа толку малку записи што Хеч може само да процени дека пет од неговата деветчлена група биле соборени, а 22 членови од неговата ескадрила биле убиени во акција.

Гласот на Америка праша дали би го направил тоа повторно.

„Дали ќе го направам тоа повторно. Да, во истиот момент. Изгубив многу пријатели таму, и тоа беше една од најзаслужните работи што некогаш сум ги направил во мојот живот. Мислам дека речиси секој од Гавраните ќе ви го каже тоа“, додаде Хеч.

Овие нови воздухопловци знаат дека многу нешта ќе зависат од нив. Нивниот началник ги потсети присутните семејства, дека не толку одамна, тие беа деца.

„Ако вашите деца беа како моите, живеат во вашата куќа, ја јадат целата храна. Се справуваат со тинејџерските ставови, ги трошат сите ваши пари, а знам дека некои од вас мислеа: „Како во светот оваа личност ќе биде функционална возрасна личност?“ Но, денес, ви гарантирам, овие питомци кои дипломираат се многу повеќе од тоа. Тие се најперспективните млади лидери на нашата нација со чувство на должност и чест да им служат и да ги водат нашите воздухопловци и нашите чувари“, рече Генерал-полковникот Ричард Кларк.

Останува неизвесно, дали нивната иднина ќе има пријателско или проблематично небо?

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон