Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Ќе се градат нови полициски станици во Кисела Вода и Илинден – потпишан меморандум за подобрување на безбедноста

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша меморандум за соработка со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша меморандум за соработка со градоначалниците на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, и на општина Илинден, Александар Георгиевски, за изградба на нови полициски станици во овие две општини, со цел унапредување на безбедноста и подобрување на услугите кон граѓаните.

Со меморандумот, како што соопшти МВР, се уредува начинот на меѓусебна соработка помеѓу институциите, со акцент на поефикасно спроведување на законските надлежности во согласност со Законот за урбанистичкто планирање и Законот за градењето, како и реализација на заеднички проекти од јавен интерес.

Во рамките на оваа соработка првпат е предвидена изградба на полициска станица во општина Илинден, како и изградба на нов објект на полициска станица во општина Кисела Вода, што ќе придонесе за зголемено полициско присуство, побрза реакција и повисоко ниво на безбедност за граѓаните.

Реклама

Соработката ќе се реализира преку заеднички проектни активности за изградба на нови објекти предвидени во урбанистичките планови, како и преку други иницијативи од заемен интерес.

– Овој меморандум претставува значаен чекор кон јакнење на институционалната соработка и создавање побезбедна средина за граѓаните. Со изградбата на нови полициски станици директно вложуваме во зголемување на безбедноста, но и во унапредување на квалитетот и достапноста на услугите што Министерството ги обезбедува. Нашата цел е да бидеме поблиску до граѓаните и да одговориме навремено и ефикасно на нивните потреби – истакна министерот Тошковски.

Со ваквите иницијативи Министерството за внатрешни работи продолжува со континуирани инвестиции во инфраструктурата и капацитетите, со крајна цел – повисоко ниво на јавна безбедност и поефикасни услуги за сите граѓани.