Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Љутков: Уметноста мора и треба да има свое заслужено место во нашето општество

По речиси една деценија, вечерва од овој простор испраќаме силна порака за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По речиси една деценија, вечерва од овој простор испраќаме силна порака за поддршка, континуитет и јасна определба дека уметноста мора и треба да има свое заслужено место во нашето општество. Ова го истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков во Музејот на современата уметност на отворањето на изложбата на откупени ликовни дела на конкурсот на Министерството за култура и туризам за 2026 година.

Љутков нагласи дека годинава се поддржани 28 автори и 37 ликовни дела, со вкупен износ од околу седум милиони денари (6.672.750,00 денари), како израз на определбата да се поттикнува и да се вреднува современото македонско ликовно творештво.

– Со вечерашнава изложба повторно воспоставуваат една важна стимулативна мерка – откуп на ликовни дела, која е предвидена во Програмата на Владата, а последен пат беше реализирана во 2016 година. Особено сакам да нагласам дека мерката е вклучена и во новата стратегија на Министерството за култура и туризам, која е во фаза на донесување, со што ја потврдуваме определбата за долгорочна и одржлива културна политика, рече тој.

Реклама

Во време кога глобалните кризи силно се одразуваат врз културните сфери, како што нагласи министерот за култура, ова претставува јасен исчекор, не само во поддршката на уметничкото творештво, туку и начин да се збогати фондот на уметничките збирки, со што се создава културна вредност што останува трајно, како дел од заедничката меморија и сведоштво за времето во кое живееме.

– Затоа оваа изложба не ја гледам само како резултат на конкурс, туку како дел од поширока заложба за континуирана и системска поддршка на уметноста. Откупот на ликовни дела го гледам како силна врска меѓу уметниците, институциите и јавноста. Во таа смисла, особено ја ценам улогата на институциите како Музејот на современата уметност и Националната галерија, кои не само што ја чуваат уметноста, туку и активно ја развиваат и ја доближуваат до јавноста, рече Љутков.

Нашата цел, како што потенцира министерот, е јасна – да изградиме одржлив и динамичен културен систем, во кој уметниците имаат простор да создаваат, институциите да се развиваат, а публиката да има пристап до квалитетна култура.

– Им честитам на избраните автори и да изразам благодарност до членовите на Комисијата за нивната стручна и посветена работа, како и до сите уметници кои со своето творештво ја збогатуваат македонската култура. Нека оваа изложба биде потсетник дека уметноста не само што го отсликува времето во кое живееме, туку и активно го обликува, истакна министерот за култура, Љутков.