Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Љутков: Реконструкцијата на Националниот џез оркестар во завршна фаза

Реконструкцијата на просториите на Националниот џез оркестар на Македонија влегува во завршна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реконструкцијата на просториите на Националниот џез оркестар на Македонија влегува во завршна фаза и се очекува институцијата наскоро да добие современи услови за работа, соопшти министерот за култура, Зоран Љутков, при денешната посета на објектот во рамки на Националната опера и балет.

При посетата, Љутков посочи дека оркестарот е основан во 2023 година, кога е изработен и проект за целосна обнова на објектот преку студиото „Мегарон Инженеринг“. За првата фаза од реконструкцијата биле издвоени околу 10 милиони денари, со кои се реализирани грубите градежни зафати.

– Во втората фаза се одобрени околу 7,5 милиони денари, со кои ќе се заврши комплетното уредување на ентериерот – канцеларискиот простор, просториите за вежбање, како и салата за проби – изјави министерот.

Реклама

Тој додаде дека рокот за реализација на работите изнесува 90 дена, по што, како што рече, оркестарот ќе добие современ и функционален простор.

– На крајот ќе добиеме прекрасен простор на Националната установа – Џез оркестар, кој ќе има одлични услови за работа, конечно по подолго време, и се надевам дека со тие услови ќе обезбедиме многу поголема и постабилна продукција – нагласи Љутков.

Министерот информираше дека Министерството за култура и туризам и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции во културната инфраструктура. Според него, до крајот на годината се очекува да завршат реконструкцијата или изградбата на шест до седум културни институции низ државата.

Директорот на Националниот џез оркестар, Гоце Стевковски, изјави дека верува дека работите ќе завршат навреме.

– Верувам дека работите ќе завршат навреме, по што значително ќе ни се олесни организацијата на работните активностишто досега ги реализиравме во Македонската опера и балет. Особено сме благодарни за поддршката од раководството, кое изминативе години ни излегува во пресрет – и за пробите и за можноста да ја реализираме нашата програма. Верувам дека ова во голема мера ќе ни ја олесни работата и ќе ни овозможи во наредниот период да реализираме уште поквалитетни проекти – рече тој.