Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Јубилејна конференција на СКСЗМ: Во време на интензивни економски, технолошки и геополитички промени ни треба повеќе соработка, визија и дијалог

Дигиталната трансформација, зелената транзиција, недостигот на работна сила, европските интеграции, регионалната конкурентност и потребата од повеќе инвестиции се предизвиците на претстојната деценија. Денес, во услови на интензивни економски, технолошки и геополитички, глобални промени, ни треба повеќе соработка, поширока визија и подлабок, посеопфатен дијалог – порача Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) од јубилејната конференција по […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дигиталната трансформација, зелената транзиција, недостигот на работна сила, европските интеграции, регионалната конкурентност и потребата од повеќе инвестиции се предизвиците на претстојната деценија. Денес, во услови на интензивни економски, технолошки и геополитички, глобални промени, ни треба повеќе соработка, поширока визија и подлабок, посеопфатен дијалог – порача Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) од јубилејната конференција по повод 20-годишнината од постоењето.

Како што беше речено, успешните економии градат моќни партнерства меѓу институциите и приватниот сектор, инвестираат во иновации, човечки капитал и конкурентност.

– Приватниот сектор е главен двигател на економскиот развој – создава нови работни места, носи инвестиции и ја зајакнува економската конзистентност на земјата. Успесите на бизнис-заедницата се успеси на целото општество. Затоа Владата останува посветена на креирање атмосфера, која ќе биде максимално во полза на бизнис-заедницата, но и на обезбедување поддршка за иницијативите што поттикнуваат економскиот развој – истакна првиот вицепремиер Беким Сали.

Реклама
null

Тој оцени дека изминатите години СКСЗМ прерасна во кредибилна институција, во доверлив партнер на приватниот сектор и моќен глас за промоција на претприемаштвото, инвестициите и економскиот развој.

– Овој јубилеј значи две децении посветеност, работа и ангажман за развој на бизнис-заедницата и економијата. Воедно е можност да се рефлектираат обврските од досега трасираниот пат, но и можност да се разговара за предизвиците и можностите што нè чекаат во иднина. Вашата историја е историја на визија, одлучност, верба во економскиот потенцијал на земјата, а вашиот придонес за зајакнување на приватниот сектор и подобрување на економскиот дијалог заслужува почит. И во годините што следуваат ќе продолжите да бидете значаен партнер во градењето модерна, конкурентна и инклузивна економија – нагласи Сали. 

Тој се осврна и на патот кон ЕУ потсетувајќи дека останува приоритет на државата.

null

– Евроинтеграциите не се само политички процес, туку претставуваат конкретна можност за посилна економија, поголем пазар, повисоки стандарди и перспектива што нуди благосостојба за нашите граѓани. Реформите што ги спроведуваме имаат цел создавање подобри услови за инвестиции, зајакнување на владеењето на правото, зголемување на транспарентноста и подобрување на бизнис-климата. Тие се неминовни предуслови за конзистентен економскиот развој и доближување до европското семејство – истакна вицепремиерот. 

Според в.д. претседателот на СКСЗМ, Нухи Алиу, Комората во своето 20-годишно постоење докажа дека институционалниот развој се гради врз визија.

null

– Во овие две децении успеавме да се етаблираме како еден од најкредибилните гласови на бизнис-заедницата во земјата. Изградивме институција што даде значаен придонес во подобрувањето на деловната клима, унапредувањето на јавно-приватниот дијалог и создавањето нови можности за развој на нашите компании. Ова беше постигнато благодарение на довербата и посветеноста на нашите членови, институционални партнери и сите што беа дел од нашето заедничко патување. Денес, во услови на нови економски предизвици и на интензивни глобални промени, ни треба повеќе соработка, поширока визија и подлабок, поопфатен дијалог. Токму за таа цел ја организираме и оваа конференција – да создадеме простор, во кој искуството, експертизата и идеите ќе се преточат во конкретни препораки и иницијативи за иднината, да разговараме за сегашноста и заеднички да ја проектираме иднината на економијата, бизнисот и економскиот развој – посочи Алиу.

На конференцијата присуствуваа и поглаварот на Исламската верска заедница, претставнци на стопански комори од земјата и регионот, претставници на институции, соработници на СКСЗМ и стопанственици.