Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

ЈП „Комунална хигиена“: Лани собрани 21.995 кубни метри отпад од диви депонии, што поскоро закон за формирање комунална полиција

Подигнати и транспортирани биле вкупно 21.995 кубни метри отпад од стотици диви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подигнати и транспортирани биле вкупно 21.995 кубни метри отпад од стотици диви депонии лоцирани во скопските општини во текот на 2025 година, од страна на екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје. Претпријатието нема ингеренции на терен да ги санкционира прекршителите на Законот за јавна чистота и од тие причини апелира што поскоро на сила да стапи закон за формирање комунална полиција, како најефикасен начин да се превенира загадувањето на животната средина и да се заштити јавното здравје, се нагласува во денешното соопштение од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје..

Најголемо количество непрописно одложен отпад било отстрането во скопските општини Центар и Чаир.

– Екипите на претпријатието речиси секојдневно интервенираа на неколку локации каде што се одлага отпад на јавни и на сообраќајни површини, најчесто на  булеварот „Никола Карев“ – „Пластичарска улица“, на аголот со улицата „Максут Садик“, веднаш крај детското игралиште, каде што континуирано се отстрануваа големи количества непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад, се посочува во соопштението.

Реклама

Во текот на минатата година, еко-патролата на претпријатието врачила 607 записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад.

Најголем број записници – вкупно 227, се изготвени во скопската општина Чаир.