Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Јосифовски: Случајот со свлечиштето во Центар е сигнал за нови стандарди во градежништвото 

Деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Јосиф Јосифовски, изјави дека вчерашниот инцидент…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Јосиф Јосифовски, изјави дека вчерашниот инцидент во општина Центар, каде што при ископ на градежна јама настанало свлечиште на земјата, е сериозен сигнал за потребата од нови прописи и стандарди во градежништвото.  

– Ние сме техничка професија, која е регулирана, што значи дека постојат јасни правила и стандарди за тоа како треба да се однесуваме, како да градиме и како да проектираме. Меѓутоа, и покрај тоа, се случуваат случаи како неодамнешниот – повторно затрупување градежна јама, што е краен сигнал дека мора да се преземат сериозни мерки – изјави Јосифовски пред настанот „Од Амфитеатар до реализација – од студент до менаџер“.

Според него, постојните правила не се доволни за да се спречат вакви ризици.  

Реклама

– Според моето лично убедување, а и по консултацијата со градоначалникот утринава, неопходно е да се пропишат нови процедури и стандарди, кои ќе обезбедат спречување вакви појави во иднина. За среќа, овој пат немаме човечки жртви, но имаме материјална штета и опасност од проширување на проблемот, со можност за оштетување на соседните објекти – рече тој.  

Тој додаде дека по консултацијата со градоначалникот и инспекторот, договорено е Градежниот факултет да излезе на терен и да направи процена за опасноста врз соседните објекти. 

– Она што беше договорено во разговорот со градоначалникот и инспекторот е дека најбргу што може Градежниот факултет ќе излезе на терен за да направи процена за опасноста врз соседните објекти и да предложи мерки и понатамошни чекори за интервенција, односно санација – дополни тој.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера, околу 13.30 часот, на улицата Христо Смирненски во општина Центар, при ископ на дупка за изградба на зграда со багер настанало свлечиште на земјата. Машината била затрупана, но возачот навреме успеал да излезе. Од инцидентот оштетени се делови од тротоарот и улицата, паднала бандера, која оштетила возило „дачија сандеро“.