Реклама

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Прилози

Јавните комунални претпријатија бараат итна реформа поради долгови и недостаток на кадар

На јавните комунални претпријатија во земјава кои со години се дават во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На јавните комунални претпријатија во земјава кои со години се дават во долгови и нерентабилно работење, потребна им е итна реформа,кадар и нови модели на управување-алармираат од АДКОМ.  Директорите на јавните претпријатија не се сложуваат дека причината за лошата финансиска состојба во која се наоѓаат, е децениското недомаќинско работење и превработеноста на јавната администрација.

 “Eдна од причините е тоа што самите Совети на општините не ги зголемуваат, не прават корекции на цените на услугите кои ги даваат самите претпријатија и со само тоа има некои јавни претпријатија кои со години немаат променето цена на услугата. Зголемување на трошоци за одржување на  механизација, застарена механизација,  застарени системи доведуваат да вие не можете да извршите доволно услуга на граѓаните – вели Гоце Ангелоски, член на Управен одбор на АТКОМ

Паралелно со структурните предизвици,секторот се соочува и со сериозен  недостаток на човечки ресурси. Една од причините се ниските плати.

Реклама

Недостасуваат стручни луѓе од типот на градежни и хидроинженери  недостасуваат стручни луѓе во делот на оние хортикултурни уредувања на зелените површини. Сите тие луѓе кои што имаат свои стручни квалификации и способности, најчесто својата егзистенција ја барат во приватниот сектор поради најверојатно многу поголемите примања кои што ги имаат таму  “-вели Горан Степаноски-директор на Ј.П. Комуналец Битола

Анализата покажува дека само 2 % од вработените во комуналниот сектор се млади.Тоа значи дека голем процент преку 40 % во наредните години ќе се пензионираат.Тоа значи дека  можеме да останеме без кадар за одржување на системите што дополнително ќе го оптовари, не давањето на услугите,туку целокупниот економски развој на дражавата -вели Јане  Вртески-институционален консултант

Поради ваквата ситуација во која се наоѓаат јавните претпријатија,се поактуелно станува прашањето за здружување на општините и претпријатијата ,како можен пристап за подобрување на ефикасноста и намалување на трошоците.