Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Јавна благодарност од УКЛО за донесениот Закон за основање Факултет за медицински науки и здравство во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола изразува благодарност до министерката за образование и наука, професор д-р Весна Јаневска, за нејзината поддршка и заложба за развој на високото образование, како и до сите пратеници кои ја препознаа важноста на законското решение со кое Високата медицинска школа во Битола прераснува во Факултет за медицински науки и здравство. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола изразува благодарност до министерката за образование и наука, професор д-р Весна Јаневска, за нејзината поддршка и заложба за развој на високото образование, како и до сите пратеници кои ја препознаа важноста на законското решение со кое Високата медицинска школа во Битола прераснува во Факултет за медицински науки и здравство.

Од УКЛО информираат дека донесената одлука претставува значаен исчекор во унапредувањето на високото образование и историски момент за развојот на сестринската и акушерската професија во Република Северна Македонија.

-По повеќедецениски напори и континуирана работа, медицинските сестри и акушерките добиваат можност за целосен академски и научен развој во рамките на сопствените професионални области. Во рамки на својата дејност, Факултетот ќе реализира четиригодишни академски студиски програми за медицинска сестра, акушерка и медицински биохемичар, како и тригодишни стручни студиски програми за медицинска сестра/техничар, акушерка, медицинско-лабораториски аналитичар, радиолошки технолог, физиотерапевт и санитарен инженер, посочуваат од УКЛО Битола.

Реклама

Запишувањето на првата генерација студенти на академските студии е предвидено за академската 2027/2028 година.