Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Јанков по сто дена мандат: финансиска стабилност, ред и отчетност во Општина Струмица

Сто дена не се доволни за да се решат сите проблеми, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сто дена не се доволни за да се решат сите проблеми, но се доволни за да се постави јасна насока. Да се покаже начинот на работа и да се испрати порака каква Општина сакаме да градиме, објави градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, на неговиот фејсбук профил во обраќањето за првите сто денови од мандатот.

-Во изминатиот период работевме посветено и транспарентно. Наш прв приоритет беше стабилизација, финансиска, организациска и институционална. Денес можам одговорно да кажам дека финансиската состојба на Општината е подобрена со салдо од над 111 милиони денари. Тоа е важен сигнал за сигурност, стабилност и одговорно управување. Истовремено, не бегавме, за жал, од наследените големи обврски. Исплатени се околу 18 милиони денари капитални субвенции кон јавните претпријатија, со што се обезбеди нивно непречено функционирање. Подмирен е долг од над 2 милиони денари за новиот градски парк во населбата Карпош, исплатени се обврски за електрична енергија за уличното осветлување, како и обврски кон здруженија, институции и партнери на општината – стои во објавата на струмичкиот градоначалник.

Додава дека во овие сто денови јасно покажале дека институциите мора да функционираат. 

Реклама

-Општинските инспекциски служби работеа интензивно и координирано. Во овој период беа спроведени над 212 инспекциски надзори во различни области, од животната средина и јавната чистота, па до градењето, сообраќајот, домувањето и образованието. Таму каде што имаше неправилности, беа преземени мерки. Пораката е јасна, редот и јавниот интерес се приоритет, напиша Јанков.

Посочува дека е посебно горд што овие сто дена биле обележани со постојан дијалог со граѓаните, со бизнис заедницата, со здруженијата и институциите и дека  Општината повторно станува дом отворен за сите.

-Фокусот беше јасен, подобрување на комуналните услуги и јавната хигиена, ефикасна и достапна општинска администрација, поддршка на образованието, спортот и културата, директна, искрена комуникација со граѓаните – се наведува во објавата.

Во своето обраќање струмичкиот градоначалник потенцира дека претстои многу работа, но и јасна визија – Општина што се развива рамномерно. Општина во која институциите работат за граѓаните, а не обратно, и Општина во која иднината се планира, а не се остава на случајност.