Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, не може министерот да е одговорен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, не може министерот да е одговорен за појавата на глувци во студентски дом – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска откако во некои од медиумите излегоа информации дека во блок Б од овој студентски дом има глувци и нема топла вода. 

– Студентскиот дом си има директор, повторно ќе интервенираме и ќе кажеме дека треба да повика служба за дератизација и дезинфекција, но со задоволство ќе кажам дека од 1 октомври двата нови студентски дома веќе ќе бидат во функција и ќе бидат од висока А-категорија. Таму ќе може да се сместат голем број студенти – изјави министерката Јаневска по прес-конференцијата посветена на онлајн-водич за квалификации.

Од септември, како што најави министерката, ќе почне и реконструкцијата на другите студентски домови. Овој процес, според неа, е веќе во напредната фаза.

Реклама

– На крајот, ќе ја реновираме и кујната и сè што треба во студентскиот дом „Гоце Делчев“ за приближно за две години да имаме комплетно заокружен процес на сите студентски домови, рече министерката за образование и наука.