Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Јаневска: Направивме промени во Законот за високото образование за кои сметавме дека ќе го подобрат

Направивме прилично многу промени во Законот за високото образование за кои сметавме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Направивме прилично многу промени во Законот за високото образование за кои сметавме дека се коректно предложени и дека ќе го подобрат текстот на законот – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Притоа нагласи дека законот за високо образование и законот за наука беа поставени вчера на ЕНЕР, а законот за квалитет ќе биде поставен во текот на денот.

– На пример, прифативме намалување на бројот на трудови за втор и трет циклус на студии. Намаливме еден член од Владата, иако не беше неопходно, иако не се согласуваме со тоа дека тоа ја нарушува автономијата во Советот на универзитетите. Дополнително, направивме многу други промени во однос на критериумите, на пример, прифативме за општествено-хуманистичките науки така како што бараа наставниците, да биде релевантна базата Scopus, не ја исклучивме Web of science, но тие инсистираа да биде Scopus. Ќе биде Scopus. Дополнително, Националниот совет за високо образование ќе изработи друга база на списанија, што исто така ќе се бодира при изборите. Значи, она што сметавме дека е коректно и дека не е злонамерно, сè е прифатено, и во овој момент наставниците имаат можност тоа да го видат. Исто така, направивме и во Законот за науката и мислам дека денес ќе биде, веројатно малку подоцна, за некој час, и во Законот за квалитет во високото образование. Повторно ќе може сите засегнати страни да го видат законот – одговори министерката, која беше на увид во градежните работи за изградба на нова спортска сала во општина Кисела Вода.

Доколку има некоја драстична забелешка што би ја прифатиле, како што посочи Јаневска, тоа и ќе го направат, а потоа законот ќе оди во владина процедура.