Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Прилози

Јаневска: Надмината е бројката за компании вклучени во дуалното образование за оваа година, ги има над 800

Дуалното образование е во подем. Дури 66 проценти од средношколците се запишани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дуалното образование е во подем. Дури 66 проценти од средношколците се запишани во стручно образование, а вклучени се над 800 компании, со над 500 илјади евра за обука на млади. Ова е доказ дека учениците ја препознаваат предноста да влезат на пазарот на труд и да се стекнат со практични знаења за конкурентни работни места.

5.40 – „Оваа измена е согласна со европското разбирање на стручното образование не само како одговор на недостигот на вештини на пазарот на трудот и несовпаѓањето на вештините, туку и како двигател на социјалната инклузија, дигиталната трансформација, територијалната кохезија и долгорочната општествена отпорност“, вели Јаневска.

Како следен чекор, реформата ќе се прошири и во високото образование преку нови законски измени кои ќе овозможат практична настава под менторство на стручни лица од реалниот сектор. Јаневска е сигурна дека во период од 8 години ќе се најдеме меѓу првите 1000 универзитети на Шангајската листа.

Реклама

„Доколку сакаат да имаат било каква кариера, особено помладите, ќе мора да се потрудат да постигнат критериуми за ментори, ќе треба да пријавуваат проекти, домашни и меѓународни, ќе треба да учествуваат, ќе треба да аплицираат за најголемите можни проекти во ЕУ.“

Заедничка цел на МОН и бизнис-заедницата е директно решавање на младинската невработеност и недостигот на вештини, како и зголемување на конкурентноста на локалните компании.