Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Јорданов: Избрана е фирма која до крајот на годината ќе го реализира Центарот за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Избрана е фирма која ќе ги адаптира просториите во текстилното училиште „Димитар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Избрана е фирма која ќе ги адаптира просториите во текстилното училиште „Димитар Мирасчиев“ за отварање на Центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост.  Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека овој центар ќе биде наменет за околу 40 лица. 

– ​Од она кое што очекувам дека во наредниот период ќе се реализира е практично до крајот на оваа година да бидат завршени активностите поврзани со изградбата, адаптацијата на просторот кој треба на дневна основа да прифаќа некаде повеќе од 40-тина лица со попречености. Но, ова не е доволно, за да практично институциите одговорат на барањето и потребата, затоа што освен овој Центар за работа со лица со попречености, нешто кое што е неопходно е да продолжи не само локалната самоуправа, туку во соработка со ресорното министерство, Министерството за труд и социјална политика, да се планираат и да се изградат нови капацитети, затоа што верувајте дека бројот на корисници на вакви услуги од ден во ден е сè поголем и поголем-вели Јорданов. 

​Тој посочува дека потребата е сè поголема и поевидентна и како што вели Јорданов „ова е како една констатација во секојдневните разговори кои ги имаме пред сè со родителите на лица со попречености“. 

Реклама

-Јас верувам дека овие состојби кои ги имаме во општината и во државата, како институции мора да одговориме на истите и во прва фаза, еве до крајот на оваа година да успееме да го ставиме во функција овој Центар за рехабилитација на лица со попречености, а веќе паралелно на овој центар да се размислува и за нови капацитети и за нови локации кои ќе бидат во корист и во задоволување на потребите на родителите и на лицата со попречености-изјави Јорданов.

Инако, овој Центар ќе биде сместен во дел од објектот на Средното текстилно училиште, каде ќе се спроведува рана рехабилитација со поддршка од логопеди, дефектолози, физиотерапевти.Во него децата и младинците со попреченост  ќе развиваат животни вештини за поголема самостојност, а активно ќе бидат вклучени и родителите. Изградбата и опремувањето на Центарот ќе чинат околу 11 милиони денари, од кои 11% треба да кокфинансира општина Штип.