Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Јовески порача: Oбвинителството ќе ги вложи и последните напори да го расчисти случајот со Онкологија

Втор ден жестока расправа за ревизорскиот извештај на Клиниката за Онкологија. На…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Втор ден жестока расправа за ревизорскиот извештај на Клиниката за Онкологија. На собраниска клупа седна и државиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Тој првично ги искара пратениците да не се мешаат во надлежностите на Обвинителството околу случајот со Клиниката за онкологија.И им порача ако се притвори некој од онкологија ќе излезе дека собранието  правело притисоци.Јовески не откри детали од истрагата и беше дециден дека нема никакви притисоци врз него.  

“Ако ние утре определиме притвор за некого, ќе излезе дека Собранието ни правело притисоци. Овој извештај на Државниот завод за ревизија ви е познато дека е составен дел од доказите и неговото разгледување од кривично-правен аспект е директно мешање на законодавната власт во работата на јавното обвинителство”, вели обвинителот Јовески.

За дел од пратениците, самиот ревизорски извештај бил доволна причина досега некој веќе да е во притвор за скандалот на Онкологија. Пратеничката Дафина Стојаноска обвини дека од доктори,сестри директори и министри кои манипулирале со здравјето и животот на пациентите болни од рак свесно знаеле што прават, и скандалот го нарече намерно убиство.

Реклама

Прво, згрозена сум како може ваков скандал и афера да се релативизира со терминот настан. А, второ да имаше свест и совест од оваа власт уште истиот ден на втори септември Владата ќе си поднесеше оставка. Овде не се работи ниту за настан, ниту за несреќа. Овде се работи за злосторство, за убиства и тоа со намера“, нагласи Дафина Стојаноска.

Дека треба да има одговороност се согласија и пратениците од власта.

„Во иднина никој не смее да си дозволи такво нешто и тука политика нема. Мене не ме интересира дали докторите се од една, друга, трета, петта партија, која националност или веросиповест. Ме интерсира парите за кои сум гласал да се дадат на луѓето“, порача Ненад Коциќ.

Освен Комисијата за финансирање и буџет, за скандалот на онкологија ќе истражува и Анкетната комисија. Ова собраниско тело со работа ќе продолжи наредната недела.Каде се очекува да се појави поранешниот министер за здравство Венко Филипче и актуелниот прв човек на здравствениот систем Фатмир Меџити.

Ања Лукарова