Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Јаревски: Изборниот законик е резултат на повеќемесечен дијалог, наместо евтин политички ПР од страна на опозицијата потребен е заеднички јазик 

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кој истакна дека измените на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кој истакна дека измените на Изборниот законик се резултат на повеќемесечен процес кој започнал уште во март и се темели на три клучни столба.

Тој истакна дека првиот столб на измените е имплементацијата на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, вториот е воведувањето електронско гласање за дијаспората, а третиот се однесува на финансирањето на политичките партии, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Јаревски воедно појасни дека техничката влада нема да биде укината за следниот изборен циклус, туку измената ќе важи од наредните парламентарни избори, со цел да се избегнат различни толкувања во јавноста.

Реклама

„Најнапред техничката влада да не се навраќаме повторно не се укина, на следниот изборен циклус повторно ќе има техничка влада, се укинува од следните парламентарни избори чисто да нема забуни меѓу населението бидејќи тоа беше исто тема на различни толкувања, второ она што е многу важно да се укаже дека овој процес не започна сега пред недела или две, отпочнат уште од март со различен интензитет и динамика, но траеше цело време, на што се темели процесот, зошто го правевме овој Изборен законик три столба се: првото, имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР,  втората работа што е новитет сега со Изборниот законик е електронското гласање за дијаспората и третиот сегмент беше финансирањето на политичките политичките партии“, рече Јаревски.

Осврнувајќи се на работата на Собранието, Јаревски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ги разгледа и обработи сите поднесени амандмани, без оглед на нивниот број. Упатувајќи критики кон СДСМ, пратеникот Јаревски изјави дека, според него, партијата никогаш не била подготвена да работи на голем број амандмани, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која, како што рече, е подготвена да ги разгледа сите предложени измени и истовремено остава простор за дополнителен политички дијалог.

„СДСМ ниту на власт ниту во опозиција била спремна да одработи 10,000 амандмани, но за разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ и нашите коалициони партнери секогаш биле. На крајот на краиштата тоа ни е работа. Ќе си седнеме и 15,000 да бидат, ќе си ги одработиме. Собранието е во постојано заседавање, ќе разговараме за секој еден поединечно, но сепак мислам дека што и да биле причините за од она што веќе стигнале како точка на заемно разбирање или на консензус дека можеби треба да се даде простор за уште една дополнителна формална или неформална средба каде што доколку станува збор за финеси веќе за коишто се разликуваат, дека би можеле да бидат надминати, но ако треба да се сработи ќе ги сработиме“, вели Јаревски и додаде:

„И овие одредби што се внатре во законикот се производ на разговорите коишто беа интензивни неколку месеци наназад. Не би сакал да бидам клише да кажам дека ради некој евтин политички ПР или некој сака да украде по некој политички поен и тоа е дел од политичкиот фолклор. Јас ќе останам фокусиран на она што ни е главна цел како држава, да прикажеме државност, да прикажеме одговорност и да најдеме заеднички јазик за еден закон да се претставиме пред право светло пред нашите западни партнери“.