Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Јанков: Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка во соработка со Владата

Денеска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, бевме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, бевме во струмичко Дабиле, за да добиеме информации директно од терен за штетите предизвикани од невремето проследено со силен дожд и ветер, кое вчера го зафати нашиот регион, се вели во објавата на градоначалникот на Струмица, Петар Јанков.

Разговаравме со земјоделците, а освен директно погодените земјоделски површини, извршив увид и на патна инфраструктура која истотака беше зафатена од невремето. Благодарение на брзата реакција и интервенција на надлежните служби, предизвиканите штети на патните правци и јавната инфраструктура беа навремено санирани.

Ги повикувам сите граѓани кои претрпеле штети да ги пријават до надлежните служби во Општина Струмица, за да можеме навремено да реагираме, комисиите да излезат на терен и да се изврши проценка на состојбата, со цел обезбедување соодветна поддршка.