Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Јанев и Хита разговаравме за понатамошното продлабочување на полициската соработка

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев и неговиот албански колега,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев и неговиот албански колега, Скендер Хита, денеска во Пешкипеја разговарале за понатамошното продлабочување на полициската соработка. 
 
-Посебен акцент ставивме на заедничкото присуство на македонски полициски службеници во Албанија за време на летната туристичка сезона, како и на координираното дејствување во борбата против прекуграничниот и организираниот криминал, откривањето криминални мрежи и идентификацијата и лоцирањето на лица кои се бегалци од правдата, објави Јанев. 
 
Двајцата соговорници оцениле дека “безбедноста денеска се гради преку доверба, партнерство и заедничка одговорност”. 
 
-Затоа продолжуваме посветено да инвестираме во современи решенија, силна регионална соработка и институции кои ќе испорачуваат сигурност, стабилност и подобар квалитет на живот за македонските и албанските граѓани, наведува Јанев.

Полициската статистика презентирана од албанското министерство за внатрешни работи потврдува дека само во текот на првите пет месеци од оваа година, преку граничниот премин “Блато”, минале  693 илјади граѓани и околу 290 илјади возила. 
 
Според Хита просечниот дневен проток е околу 4.600 патници, што одразува континуирано зголемување на прекуграничното движење. 
 
Средбата е реализирана во рамки на денешниот престој на високата делегација на МВР, предводена од министерот Панче Тошковски, кој со неговиот албански колега Бесфор Ламалари го потпишаа договорот за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави.