Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје памети – 83 години од црниот 11 март

Денес со тешко срце се сеќаваме на нашите 7.144 сограѓани македонски Евреи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес со тешко срце се сеќаваме на нашите 7.144 сограѓани македонски Евреи, кои на овој ден беа насилно одземени од своите домови, од своите семејства и од своето Скопје, испратени кон сигурна смрт во логорот Треблинка, напиша во објава на Фејбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

 Ова, како што поочува скопкиот градоначалник, е болка што сè уште живее во сеќавањето на нашиот град.

-Тие беа наши соседи, пријатели, еснафи – луѓе што со својата работа, култура и дух го градеа животот на Скопје. Еден ден исчезнаа, а зад нив остана тишина што трае со децении, нагласува тој.

Реклама

Трагедијата на Холокаустот, како што вели Ѓорѓиевски, е вечна опомена за човештвото и доказ колку ниско може да падне човекот кога омразата ќе стане идеологија, а злото политика.

-Затоа нашата должност е да паметиме. Да ја чуваме вистината. И никогаш да не дозволиме темнината повторно да се врати. Скопје никогаш нема да ги заборави своите сограѓани. Нека е вечен споменот на жртвите, посочи Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.