Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината, без надоместок

За цела општина Аеродром останува да важи старото правило, според кое секој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За цела општина Аеродром останува да важи старото правило, според кое секој резидент (физички и правни лица) може да се паркира на сите зони на територијата на општината, без да плаќа надоместок, како што беше најавено, од 1 април.

– Ова е директен одговор на барањата и реакциите на граѓаните и доказ дека нивниот глас не само што се слуша туку и се почитува. Нашиот народ е секогаш во право – објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на „Фејсбук“. 

Тој соопшти дека на директорот на ЈП „Градски паркинг“ му е дадена насока, во Реонскиот центар во Аеродром, каде што се воведува зоната D12, да остане да важи старото правило.

Реклама

– Секој резидент – физички и правни лица, ќе може да се паркира на сите зони на територијата на општината, без да плаќа надоместок, како што беше најавено претходно. И ова правило останува да важи за цел Аеродром. Паралелно, во тек е подготовка за воведување нова зона за паркирање во Ново Лисиче. Веќе се поставува соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација по што ќе следува и поставување информативни табли. Со ова ќе се обезбедат вкупно 2.719 паркинг-места, кои ќе бидат конкретно решение за реалниот проблем – наведува скопскиот градоначалник. 

Ѓорѓиевски посочува и дека се унапредува дигитализацијата, така што од 1 април 2026 граѓаните ќе може електронски да поднесуваат барања за дозволи преку платформата moj.parking.mk за сите паркиралишта под надлежност на „Градски паркинг“ – зонско паркирање, паркиралиштата со рампа и катните гаражи.

– Дополнително, овозможено е и онлајн-плаќање на месечни и годишни дозволи, со што процесот станува побрз, поедноставен и достапен за сите – соопшти Ѓорѓиевски.